Поделена линија (телефонија)
Поделена линија, или линија со поделени услуги — локална јамка на телефонско коло што го делат повеќе претплатници на телефонски услуги.[1] [2] [3]
Системите за двојнички линии биле широко користени за обезбедување телефонски услуги, почнувајќи со првите комерцијални мануелни централи во 1878 година[4] Мнозинството претплатници на Бел систем во средината на 20 век во Соединетите Американски Држави и Канада биле опслужувани со двојнички линии, кои имале попуст во однос на директните линии. За време на воената криза, двојничките линии често биле единствените достапни линии.
Македонските корисници на сличен начин имале корист од попустот за двојничка линија. Попуст имало на месечната претплата, додека остварените разговори се наплаќале по иста цена како и за директните линии.
Историја
уредиТелефонските компании нуделе линии со поделени услуги почнувајќи од доцните 1800-ти, [5] иако претплатниците во сите, освен во повеќето рурални области, имале опција да користат директна линија со дополнителна месечна наплата. Услугата била вообичаена во ретко населените области каде што претплатниците биле распространети на големи растојанија. Пример е Австралија каде што тие биле управувани од владиниот генерален директор на поштата. Во руралните области на почетокот на 20 век, претплатниците и телефоните, кои често броеле неколку десетици, често биле поврзани со една единствената локална јамка.
Линиите со поделени услуги не обезбедувале приватност во комуникацијата. Тие често се користеле како извор на забава и озборувања, како и средство за брзо предупредување на цели населби за итни случаи како што се пожари, станувајќи културен додаток на руралните области со децении.
Двојничките линии што се користеле во Македонија се делеле само на два корисници (од каде и го добиле името). Истите го немале горенаведениот недостаток - била обезбедена приватност во комуникацијата така што двојничката кутија ја префрлала цела линија кај еден од корисниците во случај на повик.
Демонтирање
уредиДо 1980-тите, линиите со поделени услуги биле демонтирани во повеќето места. Тие не биле поддржани од новите технологии и опрема во сопственост на претплатниците, како што се телефонските секретарки и компјутерските модеми. Во меѓувреме, електромеханичката преклопна опрема потребна за нивно функционирање брзо станувала застарена, била заменета со електронска и дигитална преклопна опрема. Опремата на новите телефонски централи нуделе функции на дополнителни услуги како што се пренасочување на повици и повици на чекање, кои честопати биле некомпатибилни со линиите со поделени услуги. Во Соединетите Држави за овие линии не следувале субвенции од Фондот за универзална услуга, што довело до тоа телефонските компании да ги префрлат во директни линии за да имаат корист од овие субвенции.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Party Line – Definition of Party line by Merriam-Webster“.
- ↑ „The Party Wire, the 3/22/1919 Norman Rockwell Leslie's Cover“. Best-Norman-Rockwell-Art.com.
- ↑ „Telephones UK – Shared Service“.
- ↑ Farley, Tom. „privateline.com's Telephone History Series“ (PDF). Privateline.com. Посетено на 30 September 2015.
- ↑ „'Party Line' telephone exchange service“. Dubuque Sunday Herald (Advertisement). April 21, 1897. стр. 3. Посетено на July 27, 2014.
Надворешни врски
уреди- Atlanta telephone history Архивирано на 23 февруари 2017 г.
- Party Line intercept messages[мртва врска]