Поделба на акции - постапка со која една постоечка акција се заменува со одреден број нови акции.

Поделба на акциите во практиката

уреди

На 6 јуни 2014 година, цената на акцијата на „Епл“ изнесувала 645 долари, а веќе следниот понеделник таа паднала на 92 долара, како последица на поделбата на акциите во размер 7:1. Претходно, уште во три наврати „Епл“ извршил поделба на акциите во оснос 2:1, и тоа во 1987, 2000 и 2005 година. Во 1990-тите, просечно 64 акционерски друштва чии акции биле дел од индексот S&P 500 вршеле поделба на акциите секоја година. Во 1997 година, тој број изнесувал 102, а во 2013 година само 12 акционерски друштва извршиле поделба на акциите. Според студијата на 2.750 фирми во периодот 1975-1990, спроведена од професорот Дејвид Ајкенбери, вредноста на акциите по извршената поделба просечно растела за 3,4% само неколку дена по поделбата, т.е. за 8% во текот на една година.[1]

Поделба на акциите во Македонија

уреди

Во Македонија, случаите на поделба на акциите се ретки. На пример, во март 2005 година, Комерцијална банка извршила поделба на акциите во однос 5:1. Според членот 276 од Законот за трговските друштва, друштвото може да изврши поделба на акциите и да го намали нивниот номинален износ со измена на статутот на друштвото, но под услов основната главнина да остане непроменета. Одлуката за поделбата ја носи собранието на акционери, со мнозинство гласови, а со претходниот Закон за трговските друштва (Службен весник 88/2015) за таквата одлука се барало двотретинско мнозинство. Притоа, одлуката за поделба на акциите треба да биде заведена во Централниот регистар на Република Македонија и во Централниот депозитар за хартии од вредност.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Александар Матески, „Да, за поделба на акцијата“, Економија и бизнис, година 18, број 225, март 2017, стр. 54-57.