Податотека:Кратовско четвороевангелие - средина на 14 век.pdf

Оди на страница
следна страница →
следна страница →
следна страница →

Изворна податотека(1.493 × 1.050 пиксели, големина: 20,86 МБ, MIME-тип: application/pdf, 154 страници)

Врска до Ризницата Ова е податотека од Ризницата на Викимедија и може да се користи на други проекти. Подолу е наведена содржината на нејзината описна страница.
Заедничката ризница е складиште на слободно-лиценцирани слики и снимки. И Вие можете да помогнете.

Опис

Опис
Македонски: Опис: Кратовско четвороевангелие, од македонска кратовска школа, од средината на XIV век

Пергамент: 23 х 16 см; 151 лист, без почетокот и крајот. На почетокот недостасуваат 4 листа - почетокот на I свеска; по л. 4 нема веројатно 1 лист; по л. 12 нема 6 листа; по л. 13 нема 3 листа; по л. 15 нема 1 лист; по л. 21 нема 2 листа; л. 37‛ останал празен; по л. 128 нема 8 листа; по последниот 151 лист останато е тесно парче со ситен фрагмент од текстот од последниот лист на оваа кватерна. Потоа недостасува крајот од Јовановото евангелие, веројатно 2 кватерни.

Писмо: По 24 реда на почетните листови, во продолжение главно по 27 реда. На првите 2 листа красен калиграфски устав од средината на XIV, понатаму поедноставен устав со полууставни елементи од три раце. Понекогаш се јавува А со долго стебло, Ж од тру потези, заглавни букви од заоблен тип, како што е на В со валчести петелки, што е типично за средината на XIV век. Во интерпункцијата се јавува запирка. Има знаци за акценти, но се јавуваат во ракописот пишуван од едниот пишувач. Инаку има спиритуси над почетниот вокал, понекогаш и кендемата на долгите слогови.
Рецензијата е очигледно македонска, од Кратовската школа. Се употребуваат двете носовки, главно правилно, често без типична замена на мало ѧ со голема носовка Ѫ после Ж, ЖД, Ш и ШТ, што би упатувало на многу стар оригинал. Обична е замената на малата носовка ѧ со големата Ѫ на јотувано место типично за Охридската школа, кон која би можел да припаѓа првобитниот оригинал. Има само мал ер ь. Нема траги од Ефтимиевата реформа.

Водени знаци: N/A

Орнаментика: Многу скромна, но и карактеристична. Зачувани се две знаменца на почетокот на Марковото евангелие на л. 39 и на почетокот од Евангелието од Лука на л. 69. Лента во која просторот меѓу црвените букви од насловот е исполнет со зелен боја - тип на старински македонски орнамент од XII - XIII век. Уметнички иницијали нема, но има црвени заоблени иницијали, понекогаш со скромни извивки, исто така типични за средината на XIV век.

Повез: Нема. Ракописот се чува во кутија покриена со платно.

Содржина: Четвороевангелие.

Потекло: Врз основа на рефератот на проф. В. Мошин од 25 Мај 1968 година, кој го прегледал ракописот во Белград кај тогашниот сопственик Боривое М. Букчевиќ, НУБ „Св. Климент Охридски“ го откупи тој ракопис во Јуни 1968 година.
English: This material/file, old text slavonic script manuscript, is provided according to signed Memorandum for collaboration between Wikimedia Macedonia and National and University Library "St. Kliment of Ohrid".
Датум
Извор http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/
Автор НепознатUnknown author

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје. http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/kratovsko-cetvoroevangelie-14v.html


Лиценцирање

Public domain

Ова дело е во јавна сопственост и во земјите и подрачјата каде авторските права важат додека е жив авторот плус 70 години или пократко.


Ќе мора да ставите и ознака за јавна сопственост во САД за да укажете дека делото го има укажаниот статус во таа земја. Имајте предвид дека во неколку земји авторското право важи подолго од 70 години: во Мексико е 100, во Јамајка е 95, во Колумбија е 80, а во Гватемала и Самоа е 75 години. Оваа слика може да не е во јавна сопственост во тие земји, кои воедно не го применуваат правилото на пократок рок. Рокот може да биде продолжен за дела на Французи загинати за татковината во Втората светска војна (повеќе инфо), Руси кои служеле на Источниот фронт („Големата татковинска војна“) и посмртно рехабилитирани жртви на советското угнетување (повеќе инфо).

Описи

Опишете во еден ред што претставува податотекава

Предмети прикажани на податотекава

прикажува

16 мај 2013

Историја на податотеката

Стиснете на датум/време за да ја видите податотеката како изгледала тогаш.

Датум/времеМинијатураДимензииКорисникКоментар
тековна14:17, 16 мај 2013Минијатура на верзијата од 14:17, 16 мај 20131.493 × 1.050, 154 страници (20,86 МБ)BrestUser created page with UploadWizard

Метаподатоци