Повелба за фундаменталните права на Европската Унија

Повелбата за фундаменталните права на Европската Унија штити одредени политички, општествени и економски права на граѓаните и жителите на Европската Унија (ЕУ), во правото на ЕУ. Таа беше изготвена од страна на Европската конвенција и свечено прогласена на 7. Декември 2000 година од страна на Европскиот Парламент, Советот на министри и Европската комисија. Сепак, нејзиниот тогашен правен статус беше неизвесен и немаше целосен правен ефект до стапувањето во сила на Договорот од Лисабон на 1. Декември 2009 година.

Повелба за фундаменталните права на Европската Унија
Преамбула на Повелбата
Преамбула на Повелбата
Создаден 2. Октомври 2000
Автор(и) Европската конвенција
Потписници Институциите и земјите-членки на Европската Унија
Намена Консолидирање и заштита на широкиот спектар на права кои им се понудени на граѓаните на Европската Унија

Во согласност со Повелбата, Европската Унија (ЕУ) мора да дејствува и донесува закони доследно со Повелбата и судовите на ЕУ ќе го соборат законодавството на ЕУ кое ја прекршува истата. Повелбата се однесува само на земјите-членки на ЕУ во моментот кога тие го спроведуваат правото на ЕУ и не ги проширива надлежностите на правото на ЕУ надвор од надлежностите определени во договорите.

Историја на настанување

уреди

Договорот за основање на Европската економска заедница, не вклучува никакви одредби за фундаменталните или човековите права. Договорот за ЕЕЗ беше напишан неколку години по неуспехот на Европската одбранбена заедница и Европската политичка заедница. Вториот договор опфаќа одредби за правата и Крег и де Бурса тврдат дека, во светлото на тој неуспех, изготвувачите на Договорот за ЕЕЗ сакале да ги одбегнат сите имплицитни политички елементи[1]. Меѓутоа идејата за потполно економска намера на новиот Договор за ЕЕЗ, веројатно нема да има какви било импликации за фундаменталните права, наскоро ќе биде ставена на тест.

Судски случаи

уреди

Набрзо по влегувањето во сила на Договорот за ЕЕЗ, Заедницата се етаблира како една од главните политички субјекти со политика разгранета над нејзините економски цели. Во 1964 година Европскиот суд на правдата ја изрече своја одлука во случајот Коста против ЕНЕЛ (Costa v ENEL), во која Судот одлучи дека законот на Заедницата треба да има предност над спротивставените национални закони. Ова значи дека државната власт нема да може да го избегне она за кое се согласила на Европско ниво со донесување спротивставени домашни мерки, но тоа, исто така, потенцијално значеше дека законодавецот на ЕЕЗ може непречено да донесува закони со ограничувањата наметнати од одредбите на фундаменталните права содржани во уставите на земјите-членки. Оваа тема дојде до израз во 1970 година, во случајот Handelsgesellschaft кога еден германски суд пресуди дека дел од законодавството на ЕЕЗ го прекршил германскиот Основен закон. На повикување на германскиот суд, Европскиот суд на правдата пресуди дека додека примената на правото на Заедницата не може да зависи од неговата усогласеност со националните устави, фундаменталните права формираат „интегрален дел од општите принципи на правото [на Европската заедница] ” и дека недоследност со фундаменатлното право, би можело да ја формира основата на еден успешен предизвик за Европскиот закон[2].

Во пресудата како што се случи во случајот Handelsgesellschaft, ЕСП, всушност, создаде доктрина на непишани права, која ги поврзува институциите на Заедницата. Иако јуриспруденцијата за фундаменатлните права на судот беше одобрена од страна на институциите во 1977 година[3] и за таа цел во Мастришкиот договор[4] беше вметната декларација, Европскиот совет дури во 1999 официјално започна со изготвување на список на фундаменталните права на ЕУ.

Прогласување на Повелбата

уреди

Во 1999 година Европскиот совет предложи „тело составено од претставници на шефови на држави и влади и Претседателот на Комисијата, како и од членови на Европскиот парламент и националните парламенти”, кое ќе биде поставено за изготвување на повелба за фундаменталните права[5]. Конституирано во декември истата година „телото” беше наречено Европска конвенција[6].

Конвенцијата го усвои предлогот на 2. Октомври 2000 година и тој беше свечено прогласен од страна на Европскиот парламент, Советот на министрите и Европската комисија на 7. Декември 2000 година. Во исто време, сепак, беше одлучено да се одложи донесувањето на одлука за правниот статус на Повелбата[7]. Меѓутоа, беше одобрена од страна на три моќни институции и како таква е редовно наведена од Европскиот суд на правдата, како извор на фундаменталните права.

Правна сила

уреди

Изменета Повелба формирала дел од веќе непостоечкиот Европски устав. По неуспехот на договорот, неговата замена, Договорот од Лисабон, и даде сила на Повелбата, иако на неа се однесуваше како на независен документ наместо да ја присоедини кон самиот Договор. Треба да се забележи дека, сепак, и двете верзии вклучени во Уставот и таа одредена од Лисабонскиот договор беа изменети и дополнети верзии.

На нејзиното стапување во сила заедно со Договорот од Лисабон на 1. Декември 2009 година, Комесарот за правда Вивиен Рединг предложи дека Комесарите треба да се заколнат дека ќе придржуваат кон сите договори на ЕУ и на Повелбата. На 3. Мај 2010 година, Европската комисија даде свечена заклетва пред Европскиот суд на правдата во Луксембург, ветувајќи дека ќе ги почитува договорите на ЕУ и дека ќе биде целосно независна во извршувањето на нивните должности во текот на нејзиниот мандат. За првпат, Комесарите, исто така, експлицитно се обврзаа да ја почитуваат новата Повелба за фундаменталните права.

Неколку држави инсистираа на можност за нивно изземување од националното спроведување на Повелбата (види подолу за детали).

Правен статус

уреди
 
Член 2 од Повелбата ја потврдува забраната на смртната казна во ЕУ

По стапувањето во сила на Договорот од Лисабон во 2009 година повелбата за фундаменталните права има иста правна вредност како договорите на Европската Унија. Повелбата наведена во Договорот е обновена верзија на документот од 2000 година, која беше свечено прогласена од страна на истите три институции, еден ден пред потпишувањето на самиот Договор од Лисабон.

Член 51 (1) од Повелбата се однесува на Повелбата на институциите на ЕУ, тела основани според правото на ЕУ и, при спроведувањето на законите на ЕУ, на земјите-членки на ЕУ. Покрај тоа, Член 6 од изменетиот и дополнет Договор на Европската Унија и Член 51 (2) од самата Повелба ја ограничува Повелбата од проширување на надлежностите на ЕУ. Последица на ова е дека ЕУ нема да може да донесува закони за да го одбрани правото утврдено во Повелбата, освен ако такво овластување не е правилно утврдено во договорите. И физичките лица нема да можат да ги дадат земјите-членки на суд бидејќи не успеаја да се придржуваат до правата во Повелбата, освен ако земјата-членка во прашање го спроведува правото на ЕУ. Овој последниот елемент е предмет на повеќето расправи.

Повелбата не е прво јавно признавање за јуриспруденција на човекот во ЕУ. Во толкувањето на општите принципи на правото на ЕУ опишано погоре, Европскиот суд на правдата веќе се има занимавано со прашањето дали се применуваат тие општи принципи кои се однесуваат на земјите-членки. Со пресудата во случајот Џонстон против Ројал Алстер Констабјулари (Johnston v Royal Ulster Constabulary )[8] дека правото на фер постапка беше еден од општите принципи на правото на ЕУ, во Кремцов против Австрија (Kremzow v Austria)[9], ЕСП мораше да се одлучи дали една земја-членка треба да се обврзе да го примени принципот во однос на погрешна пресуда за убиство. Адвокатите на Кремцов тврдеа дека неговиот случај е во рамките на правото на ЕУ, со образложение дека со неговата погрешна пресудата и казната му било прекршено неговото право на слободно движење во рамките на ЕУ. ЕСП на ова одговори дека, со оглед на тоа што законите според кои Кремцов бил осуден не биле донесени за да се обезбеди усогласеност со правото на ЕУ, неговата несреќа спаѓа надвор од доменот на правото на ЕУ.

Може да се забележи дека, сепак, начинот на изразување во Кремцов, кој се однесува на „полето на примена на правото на ЕУ”, се разликува од начинот во Повелбата што се однесува на спроведувањето на правото на ЕУ[10]. Сепак, изменетиот и дополнет појаснувачки меморандум издаден заедно со Повелбата во 2007 година, начинот на изразување кој се користи во Повелбата го опишува како одраз на преседанот на ЕСП.

Британскиот, чешкиот и полскиот протокол

уреди

Во преговорите што доведоа до потпишувањето на Договорот од Лисабон, Полска и Велика Британија обезбедија протокол во спогодбата кој се однесуваше на примената на Повелбата за фундаменталните права во нивните земји. Во октомври 2009 година водачите на ЕУ се согласија да го изменат протоколот за време на следниот договор за пристапување да ја вклучат и Чешката Република.

Протоколот содржи две значајни одредби. Првата –Член 1 (1)–ги спречува домашните судови во Полска и Велика Британија и судовите на ЕУ да утврдат дека „законите, регулативите или административните одредби, практики или активност” во земјите на кои се однесува, не се во согласност со Повелбата . Втората –Член 1 (2)–вели дека Насловот IV од Повелбата, кој содржи економски и социјални права, не создава права подлежни на правни мерки.

Сите три земји на кои се однесува протоколот или ќе се однесува, имаат различни причини за да преговораат за протоколот. Велика Британија првично беше против правно обврзувачката Повелба поради загриженост дека тоа ќе доведе до прилив на британски граѓани кои ќе се обратат до Европскиот суд на правдата во обид да ги остварат своите права од Повелбата во Велика Британија, и со зголемување на трошоците за бизнис. Иако британците ја прифатија правно обврзувачката Повелба за време на преговорите за неуспешниот Европски устав, тие преговараа за протокол за време на преговорите во Лисабон, кој, според тогашниот британски министер за Европа, ќе осигура дека Повелбата нема да ги прошири овластувањата на Европскиот суд на правдата над законот на Велика Британија.

Иако нивните проблеми со Повелбата поврзани со нејзиниот истакнат либерален став во врска со социјалните проблеми, во септември 2007 година полската влада посочи дека тие сакаат да бидат вклучени во Британскиот протокол[11]. Кон крајот на 2009 година водачите на ЕУ ветија дека ќе го изменат протоколот, така што тој ќе се однесува на Чешката Република до таа мера да го убедат чешкиот Претседател Вацлав Клаус да го потпише Договорот од Лисабон. Клаус претходно изрази загриженост дека Повелбата ќе им овозможи на семејствата на Германците кои биле протерани од територија во рамките на денешна Чешка Република по Втората светска војна, да го изнесат протерувањето пред судовите на ЕУ, и тој побара да биде додадено изземање кон Лисабонскиот договор за решавање на прашањето. Чешкиот претседател потоа го потпиша договорот, иако протоколот кој го побара не беше поврзан со оној што на крајот му беше понуден. Може да се забележи дека никогаш не постоеле изгледи за правосилност на законите според кои германците биле протерани, Бенеш декретите.

Постои значителен спор во врска со тоа каков ефект ќе има всушност протоколот. Едно размислување, споделено од Јан Јирасек, е дека протоколот е изземање со кое се исклучува примената на Повелбата во Полска и Велика Британија. И уште едно, споделено од Инголф Пернис, дека протоколот е интерпретативен протокол кој ќе мора да има или ограничени или никакви правни последици.

Текстот на Повелбата

уреди

Текстот на Повелбата содржи околу 54 членови поделени во седум наслови. Првите шест наслови се занимаваат со суштинските права под насловите: достоинство, слободи, еднаквост, солидарност, граѓански права и правда, а последниот наслов се занимава со толкувањето и примената на Повелбата. Голем дел од Повелбата е врз основа на Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП), од судската пракса на Европскиот суд на правдата и претходните одредби од правото на Европската Унија.

  • Првиот наслов, достоинство, го гарантира правото на живот и забранува мачење, ропство и смртна казна. Неговите одредби се главно врз основа на ЕКЧП, иако Член 1 подробно го одразува Член 1 од германскиот Основен закон.
  • Вториот наслов ја опфаќа слободата, приватноста, бракот, мислата, изразувањето, собирот, образованието, работата, имотот и азилот.
  • Третиот наслов опфаќа еднаквост на правата на децата и постарите лица.
  • Четвртиот наслов ги покрива социјалните и работничките права, вклучувајќи го правото на фер услови за работа, заштита од неоправдано отпуштање од работа, и пристап до здравствена заштита.
  • Петтиот наслов ги опфаќа правата на граѓаните на ЕУ како што е правото да гласаат на изборите за Европскиот Парламент и слободно да се движат во рамките на ЕУ. Исто така, вклучува неколку административни права како правото на добра администрација, за пристап до документите и поднесување молба до Европскиот Парламент.
  • Шестиот наслов опфаќа прашања поврзани со правдата како што се правото на ефикасен лек, на фер судење, на претпопставка за невиност, принципот на законитост, неретроспективност и двојна опасност.
  • Седмиот наслов се однесува на толкувањето и примената на Повелбата. Овие прашања се објаснети погоре.

Песна за Повелбата

уреди

ЕУ се обиде да го подигне профилот на повелбата за граѓаните да станат повеќе свесни за нивните права, на пример со објавување на мини верзија на Повелбата на сите јазици на ЕУ. Европската агенција за фундаментални права (АФП), исто така, отвори тендер за избор на поет кој ќе ја претвори повелбата во песна долга 80 минути, со музика, танц и мултимедијални елементи. Ова беше, исто така, и за да се подигне свеста и да се поедностави законскиот текст на поразбирлив јазик. Меѓутоа, Вивиен Рединг, Европскиот комесар за правда, слобода и безбедност, му испрати писмо на директорот на АФП критикувајќи ја идејата врз основа на трошоците и достоинството, со што му наложи да се откаже од проектот.

Наводи

уреди
  1. Craig, Paul; de Búrca, Gráinne (2003). EU Law, Text, Cases and Materials (3. изд.). Oxford: Oxford University Press. стр. 318.
  2. Case 228/69, Internationale Handelsgesellschaft mbH v. Einfuhr und Vorratsstelle für Getreide und Futtermittel [1970] ECR 1125; [1972] CMLR 255.
  3. Joint Declaration by the European Parliament, the Council and the Commission Concerning the Protection of Fundamental Rights and the European Convention for the Protection of Human Rights and Fundamental Freedoms (OJ C 103, 27/04/1977 P. 1)
  4. Article F of the Maastricht Treaty Maastricht Treaty Архивирано на 1 февруари 2009 г..
  5. Presidency Conclusions: Cologne European Council 3 And 4 June 1999, Council of the European Union, Посетено на 23 December 2009
  6. The Charter of Fundamental Rights of the European Union, European Parliament, 21 February 2001, Посетено на 23 December 2009
  7. European Council – Nice 7–10 December 2000: Conclusions of the Presidency, European Parliament, 11 December 2000, Посетено на 23 December 2009
  8. Case 222/84 [1986] ECR 1651, [1986] 3 CMLR 240.
  9. C-299/95 [1997] ECR I-2629, [1997] 3 CMLR 1289.
  10. Craig, Paul; de Búrca, Gráinne (2007). EU Law, Text, Cases and Materials (4. изд.). Oxford: Oxford University Press. стр. 402.
  11. Mark Beunderman (7 September 2007). „Poland to join UK in EU rights charter opt-out“. Euobserver.com. Посетено на 26 January 2010.