Планински сокол
Планински сокол
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Соколовидни
Семејство: Соколи
Род: Сокол
Подрод: (Hierofalco)
Вид: Планински сокол
Научен назив
Falco biarmicus
Temminck, 1825
Синоними

Falco feldeggii Schlegel, 1843[2]
Falco feldeggi Strickland, 1855 (lapsus)

Планинскиот сокол (Falco biarmicus) е голема птица на преријата, која се гнезди во Африка, југоисточна Европа и малку во Азија. Во опасност е од изумирање, но бројот им се зголемува по сезоната на парење. Го има во Македонија.

Опис

уреди
 
Лет во Јужна Африка

Планинскиот сокол е голем сокол долг од 43 до 50 сантиметри, со распон на крилја од 95 до 105 сантиметри. Европскиот ланер сокол Falco biarmicus feldeggi има мали сиви или кафено-сиви горни делови, најголем број африкрански подвидови се побледи сино-сиви одозгора. Градите се набраздени кај северните птици кои личат на степски сокол, но планинските соколите имаат црвена дамка на задниот дел од главата. Половите се слични, но покафените младенчиња се послични со Степските соколи. Како и да е, степските се посветли на врвот од главата и имаат помалку јасни линии. Се огласува со „враааауууу“.

Живеалиште и гнездење

уреди

Планинскиот сокол е птица на отворените предели или саваната. Вообичаено лови по потрага на хоризонтални патеки,а не како перегрин соколот кој лови од височина, и главно го напаѓа пленот во лет. Тој положува 3-4 јајца во гнездото кое го поставува на раб од карпа, или понекогаш во старо гнездо на дрво.

Таксономија и систематика

уреди

Ова е најверојатно најстариот жив вид на сокол. Поддршка за оваа претпоставка доаѓа главно од биогеографијата која се согласува со збунувачката шема на ДНК. Сепак, таму има неконтролирана хибридизација и незавршено лозово сортирање. Во секој случај, зачетокот на целиот жив разновиден вид изгледа започнува во доцниот плеистоцен, пред околу 130.000-115.000 години.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Falco biarmicus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 јули 2012.
  2. Possibly 1841 (Sharpe 1874: 389), or 1844 (Strickland 1855: 80).

Надворешни врски

уреди