Оса (Тасманија)
Планината Оса (англиски: Mount Ossa) е највисока планина во Тасманија чиј врв достигнува 1617 метри надморска висина.[3] Оса е дел од Пелионовиот венец во Централните висорамнини на Тасманија во Австралија.
Планина Оса | |
---|---|
Планината Оса во 2009 | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1617 м [1] |
Истакнатост | 1617 м [1] |
Изолираност | 524 км [1] |
Заведена како | ултра[1] највисок врв на територијата |
Координати | 41°52′12″S 146°01′48″E / 41.87000° ЈГШ; 146.03000° ИГД [2] |
Географија | |
Место | Централни висорамнини во Тасманија, Австралија |
Матичен венец | Пелионов венец |
Геологија | |
Старост на карпата | јура |
Вид | дијабаз |
За прв пат била забалежана од Европејците во 1860-те години, а како највисока планина во сојузната држава била прогласена во 1954 година. Како и повеќето врвови во областа, таа е прекрена со дијабаз.[4]
Историја
уредиОбласта на планината Оса се протега на границата меѓу Биг Ривер и Северните Абориџини во Тасманија. Неколку артефакти и кампови кои содржат разни видови камен и алатки се откриени околу Пелион на север и езерото Сент Клер на југ.[5]
За прв пат била забележана од Чарлс Гулд во 1860-тите и била именувана по планината Оса во Грција следејќи ја темата на класичните грчки имиња поставени од Џорџ Френкленд, ран тасмански геодет.[6][7] Сепак, нејзината локација била обележана како на она што сега се нарекува планина Нереус. Со години се сметало дека планината Кредл е највисока во Тасманија.[8][9]
Искачување
уредиНа планината Оса може да се искачи преку добрa патека од Пелион Гап до врвот. Може да се пристапи или како спореден пат до Оверленд или преку патеката на реката Арм. Состојбите можат да бидат многу тешки во зима, со силни ветрови и температури до смрзнување.[1]
Галерија
уреди-
Планината Оса, поглед од Пелион Ист
-
Планината Оса, поглед од Пелион
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Mount Ossa, Australia“. Peakbagger.com. Посетено на 2014-02-02. (англиски)
- ↑ Предлошка:Gazetteer of Australia
- ↑ „LISTmap (Mount Ossa)“. Tasmanian Government Department of Primary Industries and Water. Посетено на 19 June 2007.
- ↑ I.B. Jennings. „Geology of the Cradle Mountain Reserve“ (PDF). Economic and General Geology.
- ↑ Byers, Michael Charles (1996). Tourism and bushwalking in the Cradle Mountain-Lake St Clair National Park: Context, characteristics and impacts (PDF) (Masters). The University of Tasmania.
- ↑ „Mount Ossa“. UTas.
- ↑ „Frankland, George (1800–1838)“. Australian Dictionary of Biography.
- ↑ J.W. Beatie (1901). „Notes on a Trip to the Barn Bluff Country“ (PDF).
- ↑ „What is Tasmania's highest peak? Famous mountains have never been surveyed“. Launceston Examiner.