Плакир
„Плакир“ или “Грижула“ — пасторала на хрватскиот писател Марин Држиќ. За разлика од првите две пасторали на Држиќ кои се напишани во стихови, ова дело е напишано во проза испреплетена со стихови кои веројатно се пееле.
Осврт кон делото
уредиОна што ја издвојува оваа пасторала од другите слични дела на Држиќ е тоа што се одликува со поголем квалитет и што, покрај фантастичните сцени, во неа се појавуваат и слики и ликови од реалниот живот. На пример, една од слугинките во драмата вели: „За мене нема полош спомен од лошиот живот... Околу мојата несреќна глава игра чизмата...“ Оваа пасторала е забележана во историјата на европската книжевност: за неа познатиот историчар Крајзенах рекол дека таа е претходник на Шекспировото дело „Сон на летната ноќ“.[1] [2]