Плаза Мајор (Лима)

(Пренасочено од Плаза мајор Лима)

Плаза Мајор (Plaza Mayor, „главен плоштад“ на шпански) или Плаза де Армас (Plaza de Armas) е главниот плоштад на Лима и место каде се основал градот[1] Плоштадот се наоѓа во историскиот центар на Лима, и во негова близина се наоѓаат Владината палата, Палатата на архиепископот, Катедралата, Општинската палата и Клубот на Унијата.[2]

Поглед кон Плаза Мајор во Лима.

Историја

уреди

Плоштадот е опколен од авениите: Хирон Хунин, Хирон де ла Унион, Хирон Уалјега и Хирон Карабаха.

Во 1523 година кралот Карло I наредил да се отпочне „процедура за создавање градови во Новиот Свет“. Овие процедури значеле дека по исцртување на планот за градот, растот на градот треба да е во однос на центарот кој е во форма на коцка.

На денот на основањето на градот, 18 јануари 1535 година, конкистадорот (освојувачот)[1] Франсиско Писаро, потврдувајќи го основањето на планот, назначил локација за градење на плазата или плоштадот. Подоцна, Писаро и Николас де Ривера (првиот градоначалник на Лима), го исцртале новиот град и поделиле парцели. Писаро, кој ја искористил неговата позиција како основач и гувернер, зел голем дел од земјата помеѓу северниот дел од плазата и реката Римак. Голем дел од јужниот дел од плазата бил планиран да биде црква, западниот да биде градскиот совет а остатокот бил поделен на другите конкистадори.

Историчарот од 17 век, Бернабе Кобо, за к=лиманската плаза напишал:

...„таа е најубавата и најдобрата плаза која сум ја вил, дури и во Шпанија. Зафаќа цел блок, со ширина од 4 улици на една страна и 4 улици на другата страна и од сите четири страни изнесува повеќе од две илјади стапки, многу е рамен..."

За време на колонијалниот период, плазата служела како пазар и место за борби со бикови и збирно место за сите општествено-политички настани.[3]

Во 1622, Катедралата во Лима била завршена. Оваа црква сè уште постои на плазата.

Во 1821, Хосе де Сан Мартин ја објавил независноста на Перу на овој плоштад.

Во 1855, претседателот Рамон Кастиља го пуштил во употреба првиот гасен светлосен систем. Во тоа време биле засадени и градините. Во 1860 година првата трамвајска линија била монтирана на плазата.[4]

Во 1922 изградбата на Палатата на архиепископот во Лима била завршена. Во 1938 била завршена изградбата на Владината палата, а во 1944 општинската палата.

Околина

уреди
Објекти околу Плаза Мајор
северна страна
западна страна источна страна
 
Парк на знамето
 
Владина палата
 
Куќа на Оридор
 
Општинска палата во Лима
ПЛАЗА МАЈОР ВО ЛИМА
 
Палата на архиепископот во Лима
 
Клуб на Унијата
 
Катедрала во Лима
 
Почеток на Хирон де ла Унион
 
Зграда јужно од плоштадот
 
Преминот Олаја
 
Седиште на списанието Каретас.
јужна страна
Поглед од 360° на Плаза Мајор во Лима

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Things to Do and See in Lima, Peru“. Архивирано од изворникот на 2016-05-07. Посетено на 2018-11-29.
  2. „Plaza Mayor And Surroundings- Lima, Peru - VirtualTourist.com“. Архивирано од изворникот на 2016-03-10. Посетено на 2018-11-29.
  3. „Plaza de Arm s (Lima, Perú) : comparativas, precios y compras online“. Архивирано од изворникот на 2016-09-16. Посетено на 2018-11-29.
  4. The Tramways Of Peru

Литература

уреди
  • Cobo, Bernabé. "Historia de la Fundación de Lima"
  • Bromley, Juan. "Las viejas calles de Lima" Lima: Municipalidad Metropolitana de Lima. Gerencia de Educación, Cultura y Deportes. Edilibros; 2005.
  • Joffre, Gabriel Ramón. "El guión de la cirugía urbana: Lima 1850-1940"

Поврзано

уреди

12°02′45″S 77°01′50″W / 12.04583° ЈГШ; 77.03056° ЗГД / -12.04583; -77.03056