Пладневна починка (Пол Гоген)

Пладневна починка (француски: La Sieste) ― слика од масло на платно од 1892-1894 година од Пол Гоген, сега во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк.[1] Насликана е за време на првото продолжено патување на Гоген на островот Тахити.

Пладневна починка
Творец Пол Гоген
Година 1892 до 1894
Вид Маслена слика на платно
Димензии 88.9 на 116.2 см
Место Метрополитен, Њујорк

Сликата е непретенциозна претстава на група Тахиќанки во западна облека што разговараат во ладната сенка на чардакот за време на жешкото попладневно сонце. Една од жените си пегла.[2] Иако темата била аспект на секојдневниот живот, Гоген работел на платно во текот на долг период, правејќи неколку промени - торбата за пазарење во преден план, на пример, претходно било куче.

Наводи уреди

  1. „Catalogue entry“. Посетено на 23 септември 2021.
  2. „Siesta,1893“. Gauguin.org. Посетено на 23 септември 2021.