Пишани историски извори
Пишаните историски извори се остатоците од предците на денешниот човек коишто биле запишани во минатото.Тие се исто така од исклучително значење за историачарите,бидејќи во нив се запичани најразлични записи,патописи,приказни,како и истории од животот на луѓето во минатото.Овие историски извори главно се наоѓаат во облик на записи,хроники,извештаи,летописи,писма,закони,повелби,како и натписи на камени плочи,натписи на глинени плочи,а и натписи на папирус,хартија и пергамент.Кај овие историски извори од особено значење се и натписите запишани на ѕидините и градбите,а некои од нив може и денес да се прочитаат.Пишаните историски извори денес се наоѓаат во музеите,архивите,библиотеките или на самите ѕидини и градби.