Питарница
Питарница е населба во градот Гостивар, оддалечена околу 2 километри од центарот на градот, односно во неговата рурална зона, поради што од населението на Гостивар најчесто се смета како приградска населба.
Питарница е населба во која живее мешано население, како етнички Македоници, етнички Албанци, етнички Турци, Македонски-Муслимани итн. Населбата достигнува голема експанзија, односно проширување, во поледните 10 -тина години. Инаку, населението во Питарница е дојдено од повеќе Гостиварски села и Порече-Македонски Брод.
Етничките Македонци се во главно од блиското село Чајле, од каде почнале да се иселуваат некаде во почетокот на 70-тите години од минатиот век.