Пир во време на чума
Пир за време на чума (руски: «Пир во время чумы») ― драма на Александар Пушкин од 1830 година. Дејството се однесува на банкет во кој средишната фигура ја подбива смртта со здравица „И така, о чума, го поздравуваме твоето владеење!“. Приказната се заснова на 4-та сцена од првиот чин на драмата на Џон Вилсон „Град на чумата“ (1816 година).
Претставата била напишана во 1830 година и објавена во 1832 година како една од четирите „Мали трагедии“ (руски: Маленькие трагедии) заедно со „Камен гостин“ (руски: Каменный гость); „Моцарт и Салиери“ (руски: Моцарт и Сальери) и „Шрктиот витез“ (руски: Скупой рыцарь). Сите четири од овие драми биле поставени како опери со еден чин од руски композитори; Даргомижски, Римски-Корсаков, Рахманинов, и за „Пирот“, Цезар Кјуј.