Пионир 2
Пионир 2 беше развиен од лабораториите на воздухопловството на САД, и беше лансирано за НАСА од Воздухопловната Дивизија за Балистички Проектили, на 8 ноември 1958 до Кејп Канаверал.
Инструментација и мисија
уредиПиопнир 2 имаше скоро идентичен дизајн со своите претходници. Оваа сонда беше 36.9 килограми тешка и вклучуваше ТВ скенер и нов тип батерија во неа, како и нов телескоп на космички зраци кој требаше да го истражува ефектот на Черенков. За ова лансирање инженерите направија многу промени на Тор-Ејбл лансерот. Како и претходниците, Пионир 2 не стигна до целта. Сигнал од земјата го исклучи вториот стадиум на Тор порано од планираното. Згора на тоа, кога третиот стадиум на моторите на Х-248 се одвои, одби да се стартува. Како резултат на сево ова, сондата изгоре во атмосферата на Земјата на само 45 минути по лансирањето. За време на кратката мисија, стигна на висина од 1550 километри, и испрати назад податоци кои укажаа дека екваторската област на Земјата има поголем флукс на енергија отколку што се мислеше порано. Информациите исто така покажаа и дека густината на микрометеоритите е поголема во близина на Земјата, отколку во вселената. Понатамошната истрага заклучи дека третиот стадиум на моторите не се стартувал поради прегорена жица.