Фарадот (симб F, Ф) е единица за електричен капацитет од системот SI. Го носи името на англискиот научник Мајкл Фарадеј (1791-1867).

Разни видови кондензатори.
Кондензатор од 1 фарад.

Дефиниција

уреди

Еден фарад претставува капацитет на кондензатор меѓу чии проводници напонот расте за 1 волт кога ќе се наполни со количество електрицитет од 1 кулон[1]. Еден кулон е еднаков на 1 ампер во секунда. Пример: Кондензатор со капацитет од 47 nF ќе зголеми за 1 волт во секунда со влезна струја од 47 nA.

  • 1 микрофарад (μF) = милионити дел (10−6) од фарадот, = 1 000 000 pF = 1 000 nF;
  • 1 нанофарад (nF) = милијардити дел (10−9) од фарадот, = 1 000 pF;
  • 1 пикофарад (pF) = трилионити дел (10−12) од фарадот.

Равенства

уреди

Фарадот може да се претстави во следниве основни SI-единици: s4 × A2 × м−2 × кг−1

Може да се изрази и вака:

 

A=ампер, V=волт, C=кулон, J=џул, m=метар, N=њутн, s=секунда, W=ват, кг=килограм, Ω=ом

Во електрониката, еден фарад е прилично голем капацитет. Најзастапени во електротехниката и електрониката се микрофарадот (μF), нанофарадот (nF) и пикофарадот (pF).

Големината на кондензаторите се движи од 100 fF (фемтофаради, 10−15 F) до ултракондензатори од 5 kF (килофаради, 103 F).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „фарад“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет

Литература

уреди
  • Newton C. Braga (2001). Robotics, Mechatronics, and Artificial Intelligence. Google Books. стр. 336 pages. Посетено на 17 септември 2008.

Надворешни врски

уреди