Пиколомини (музичка група)

Пиколомини — македонска постпанк музичка група, од 2003 година.[1]

Пиколомини
ПотеклоМакедонија
Жанровипостпанк, електронска
Период на активност2003 - денес
ИздавачиСтотројка, Шарла Рекордс
Значајни инструменти
Компјутерски инструменти

Почетоци

уреди

Зад Пиколомини стои Давид Ангелевски, и од самите почетоци до денес, неговото творештво во целост е поврзано со употребата на компјутерите како инструмент. Пиколомини ниту еднаш ја нема претставено својата работа на концерт. Некаде во средината на деведесеттите, Давид Ангелевски ја создал и својата прва музичка тема, преработка на Cross the breeze од „Sonic Youth“. Таа до денес не е јавно презентирана. По неколку години, во 2003-тата година, јавноста на Канал 103 ја имала можноста да ја слушне неговата втора песна, авторската Modern, за чија промоција првпат почнал да го употребува псевдонимот Пиколомини. Иако песните ги создавал дома, на компјутер, снимањето најчесто го правел во студиото на својот брат Дејан Ангелевски, со име Кларион“. Една година по пуштањето во етер, песната Modern била поместена и на компилациското цеде што се делело заедно со еден од броевите на списанието за култура „Маргина“.

Кратко по промоцијата на Modern, Канал 103 во етер пуштило нова песна – Disquises, за која бил изработен и видеоспот, продуциран од Васил Ѓуровски, а монтиран од Дориjан Миловановиќ.

Следниот сингл, кој повторно бил обработка, на култниот хит на британската група „Wire“, I am the fly, за првпат во процесот на творење се остварила и една реална соработка. Бас делниците ги отсвирил Антонио Дојчиновски-Дојчин, а една гитарска линија во рефренот била отсвирена од лидерот на Mooger Fooger, Сеад Хаџиќ - Сецко. Песната, на крајот на годината, се нашла на шестото место на листата најуспешни синглови за 2005 година на регионалната радиомрежа „Кросрадио“.

Во следните две години, Давид интензивно работел на создавање нов материјал. Работел делумно дома, а повремено и во домашното студио на Сецко, каде што ги снимл гитарските делници. Како гости на оваа сесија се појавиле Огнен Мангаровски и Дарко Тасевски како гитаристи, односно Деан Змејкоски на бас и Соња Димитријоска како вокал гостин.

Во 2007 година, издавачката куќа „Стротројка“, која била официјална етикета на музичкото радио Канал 103, како свое прво издание го објавила албумот на Пиколомини со 10 песни, именуван како From Subway To My Way. Комплетниот дизајн на изданието, вклучително и оригиналниот цртеж на насловната страна, ги изработил македонскиот уметник Атанас Ботев. Некаде во овој период, Давид станал дел и од екипата македонски музичари што го преработувале култниот деби-албум на Бастион. Неговиот избор била песната Деца на сонцето. Со преработката започнала и неговата нова фаза на пишување на македонски јазик.

Шарла

уреди

Наредната објава се случила дури по шест години, во октомври 2013 година, и тоа како цеде сингл со три песни, Деца во длабоко. Со насловната тема, Давид ја продолжил започнатата традиција на изразување на мајчин јазик. На последната тема Враќање, Александар Алексовски го читал расказот на младата архитектка Гордана Гоциева. Комплетен автор на првите две песни е Давид, а музиката, пак, била заеднички производ на неговите дружења со Дојчин и со Никола Радуловиќ. Синглот на цеде-формат го објавила издавачката куќа во сопственост на Давид, „Шарла“, како свое прво издание. Впечатливиот дизајн овој пат било дело на уметникот Иван Ивановски. Промоцијата на синглот Деца во длабоко била одржана на 10 октомври 2013 година во кафе-барот „Ла Кања“ и бил официјалниот датум на објавата. Веќе во наредната година, на 12 декември 2014 година, повторно во „Ла Кања“ бил промовиран вториот албум на Пиколомини, Меѓу митови и бомби. Осумте постпанк односно њу вејв теми јасно укажувале на веќе препознатливиот музички израз на Пиколомини

Во 2017 година, јавноста имала можност да го слушне неговиот сингл во соработка со уште еден возбудлив соло проект од македонската сцена, Телемама.

Потоа следувале албумите: Краток албум за двајца (2018) и Бела птица, црн бран (2018).

Наводи

уреди
  1. Филиповски, Тошо (2018). Македонска рок енциклопедија (1963 - 2018). Скопје: Корпус Деликти Рекордс; Тошо Филиповски. стр. 272, 273 стр.

Надворешни врски

уреди