Пешница

река во Македонија
(Пренасочено од Пештерска Река)

Пешница или Пештерска Рекарека во Западна Македонија, притока на Треска.[1] Таа е понорница која извира десетина метри во внатрешноста на пештерата Пешна. Оваа понорница според некои теории е Крапската Река која формира неколку езерца и водопоади во еден од најголемите пештерски системи во Македонија, за кој се претпоставува дека е долг десетина километри. Наспроти изворите се наоѓаат остатоци од разурната тврдина. Реката е долга само неколку стотини метри и во летните периоди нивото е многу ниско или целосно пресушува. Но со доаѓањето на пролетните дождови и топењето на снегот, од огромната карпеста челуст избива силен вруток. На нејзиниот краток тек видливи се траги од многу воденици, според кажувањата на месното население некогаш ги имало вкупно 23.

Пешница
Местоположба
Физички особености
УстиеТреска, крај Пешна, Македонија Македонија
Должина~100 м
Особености на сливот

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Jovan Đ. Marković (1990): Enciklopedijski geografski leksikon Jugoslavije; Svjetlost-Sarajevo; ISBN 86-01-02651-6

Надворешни врски

уреди