Петнаесетта крушевска македонска ударна бригада

Петнасетта крушевска македонска народноослободителна ударна бригада — бригада на НОБ во Македонија.[1]

Петнаесетта крушевска ударна бригада
Активна9 септември 1944
ЗемјаМакедонија
Видбригада
Големина400 борци, 300 доброволци
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија
Команданти
Истакнати
команданти
Богоја Јоновски

Историјат

уреди

Бригадата била формирана на 9 септември 1944 година на месноста Гумења во Крушевско. Командант на оваа бригада бил Богоја Јоновски.[1]

Бригадата била оформена со 400 борци и старешини, а дополнително на тоа имало и уште 300 доброволци.[1]

Борбените дејствија на бригадата биле во регионот на Крушево и Прилеп. Во овие региони, заедно со Првата косовска ударна бригада, Втората македонска ударна бригада, 15 поречка ударна бригада и дел од бугарскиот гарнизон во Прилеп, воделе тешки битки со германските сили, кои пак навлегувале од Битола кон Прилеп.[1]

Бригадата е расформирана кон крајот на септември 1944 година, а борците биле прераспределени во 41, 48 и 49 македонска дивизија.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​128-129

Поврзано

уреди