Петар Шкундриќ (21 февруари 1947) е српски политичар. Тој е член на Социјалистичката партија на Србија, кој бил министер за енергетика и рударство од 2008 до 2011 година.

Образование и кариера

уреди

Шкундиќ дипломирал и магистрирал и докторирал на Технолошко-металуршкиот факултет на Универзитетот во Белград.

Професор е на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград и почесен професор на Државниот институт за технологија во Санкт Петербург.

Тој е еден од основачите и првиот генерален секретар на Социјалистичката партија на Србија и бил пратеник на поранешната државна заедница на Србија и Црна Гора. Во моментов е член на УО на СПС.

На 7 јули 2008 година бил избран за министер за енергетика и рударство во Владата на Србија, на функцијата што ја извршувал до март 2011 година, кога ресорот бил поделен на министерствата за инфраструктура и за животна средина.[1]

Тој бил исфрлен од Социјалистичката партија на Србија, откако неговиот син бил уапсен на антивладини протести во јули 2019 година. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ го нарекол тајкун.[2][3]

Шкундриќ е оженет и татко на два сина.

Наводи

уреди
  1. Serbian Premier Proposes Smaller Cabinet, Shuffles Ministers
  2. „ŠKUNDRIĆ RAZREŠEN, SOCIJALISTI ISKLJUČUJU ČLANOVE Dačić: "Svako ko podržava ili učestvuje u nasilju, biće smenjen i isključen iz SPS". Blic.rs (српски). Посетено на 2020-07-15.
  3. „Vučić optužio Dačića i saradnike da su lopovi?! | Politika | Direktno“. direktno.rs. Посетено на 2020-07-15.