Песни (Блаже Конески, 1953)
„Песни“ — стихозбирка на македонскиот поет Блаже Конески, првпат објавена во 1953 година во издание на „Кочо Рацин“. Песните застапени во збирката се напишани во различни времснки периоди: првите дваесет песни (од „Зов“ до „Песна“) потекнуваат од 1940-1945, поемата „Средба со Жинзифов“ била објавена во 1948 година како дел од збирката „Земјата и љубовта“, а „Буната Карпошова“ претходно била објавена во 1949 година.[1]
Содржина
уредиЗбирката ги содржи следниве песни: „Зов“, „Пролет“, „Рамнина“, „Приспивна“, „Очај“, „Молитва“, „Шум“, „Есенско утро“, „Смртна песна“, „Полноќ“, „Сон“, „Песна за маслинките“, „Проштална песна“, „Молитва“, „Зимен ден“, „Враќање“, „Песна“, „Бура“, „Пустина“, „Песна“, „В крчма“, „Песна“, „Служба“, „Спомен за Славеј“, „Бдеење“, „Љубов“, „За непознатата“, „Лик“, „Успивање на болно дете“, „Рж“, „Пченица“, „Мак“, „Јаготки“, „Пролетна вечер“, „Кумановскиот превој“, „Песни за Фауста“, „Навреди“, „Матуранти“, „Икона“, „Гугучка“, „Ангелот на Света Софија“, „Калемегдан“ и „Скопје“, како и поемата „Средба со Жинзифов“ (значително преработена на повеќе места).[2]