Земјата и љубовта

„Земјата и љубовта“ — стихозбирка на македонскиот поет Блаже Конески, првпат објавена во 1948 година од Државното книгоиздателство на Македонија, а песните застапени во збирката се напишани од 1945 до 1948 година.[1]

Содржина уреди

Збирката ги содржи следниве песни: „Тешкото“, „Илинденски мелодии“, „Песната“, „Писмо“, „На граница“, „Сончева долина (балада)“, „Пролетна песна“, „Весела песна“, Полноќ“, „Утро“, „Караорман“, „Охрид“ и „Дојран“.[2] Исто така, во неа се вклучени и поемите „Мостот“ (претходно објавена во 1945 година) и „Средба со Жинзифов“, која подоцна била повторно објавена во збирката „Песни“. Песните „Полноќ“, „Весела песна“ и дел од „Илинденски мелодии“ (третата и шестата песна) потекнуваат од времето кога се напишани песните од циклусот „Од стариот нотес“ (1941-1945), а другите песни се напишани во периодот од 1945 до 1948 година.[3]

Наводи уреди

  1. „Забелешки“, во: Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 235.
  2. Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 31-59.
  3. „Забелешки“, во: Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 235.