Персиски писма (француски: Lettres persanes) — епистоларен роман од францускиот филозоф Шарл Монтескје, објавен 1721, во кој се раскажува за доживувањата на двајца персиски благородници, Узбек и Рика, кои патуваат низ Франција.

Персиски писма
АвторШарл Монтескје
Изворен насловLettres persanes
ЗемјаФранција
Јазикфранцуски
Жанрепистоларен роман
Издадена
1721

Содржина уреди

Во 1711 Узбек го напушта домот во Исхафан да замине на долго патување во Франција, придружуван од пријателот Рика. Дома оставил пет сопруги, за кои требало да се грижат пет црни евнуси. За време на патувањето и нивниот долг престој во Париз (1712–1720) тие испраќаат писма до пријатели и познаници, во кои пишувале за западната цивилизација, христијанството, француската политика и Маврите, и сатирично говореле за системот на економистот Џон Ло. Со тек на времете, од 1717, разни незгоди се случиле во харемот на Узбек. Узбек во писмо му наредил на главниот евнух да ја стави ситуацијата под контрола, но пораката не стигнала на време, и сите негови жени загинале, вклучувајќи ја и неговата омилена Роксана, која се самоубила, како и повеќето евнуси.

Хронологијата на писмата е следна:

  • Писма 1–21 [1–23]: Патувањето од Исхафан до Франција, кое трае речиси 14 месеци (од 19 март 1711 ди 4 мај 1712).
  • Писма 22 [24]–89 [92]: Париз за време на Луј XIV, вкупно 3 години (од мај 1712 до септември 1715).
  • Писма 90 [93]–137 [143]: владеењето на Филип II Орлеански, покривајќи пет години (од септември 1715 до ноември 1720).
  • Писма 138 [146]– 150 [161]: растурање на домот во Исхафан отприлика 3 години (1717–1720)

Епистоларен роман уреди

Монтескје, ниту пак читателите не ги сметале Персиските писма за роман, нити за епистоларен роман (како што денес е класиран), бидејќи во тоа време не постоел таков тип романи. Единствено слично дело од тоа време било Писма на португалскта чесна сестра од 1699 на Габриел де Жилераг. Тогаш ваквите прозни дела потсетувале на седмичните политички анализи кои излегувале во весниците. Персиските писма помогнале да се етаблира епистоларниот роман како книжевен жанр. Структурата на делото е доста флексибилна, и вклучува 19 дописници, и најмалку 22 различни приматели на писма. Узбек напишано има 66, а Рика 47 од вкупно 161 писмо. Ибен, кој имал улога на доставувач, напишал две писма, а примил 42. Писмата се датирани според Месечев календар, а имињата на месеците одговараат на грегоријанскиот календар.

Социјален коментар уреди

Во Париз, двајцата пријатели искажале мислење за повеќе теми, од владините институции до салонските озборувања. Двајцата другари имаат различен темперамент, така што Узбек е поискусен и повеќе прашува, а Рика е послободен и привлечен му е животот во Париз. Иако дејството се одвива во последните години од владеењето на Луј XIV, кралот бил уште почитуван помеѓу жителите во градот. Биле набљудувани парламентот, народните трибуни, верските фигури, јавните места и установи, итн. Тие ја опишале француската култура како просперитетна, иако за присуството на Персијците се разбрало низ градот. Ги сметале пабовите, каде најчесто се одвивале полемиките, за јавна институција од ист ранг со театарот и операта. Узбек, иако муслиман, го истражувал христијанството и се прашувал зошто некои религии забрануваат одредена храна.

Извори уреди

Монтескје користел повеќе извори да го напише романот, а се забележува влијание од Патување во Персија на Жан Шарден, од каде ги црпел информациите за животот во Персија. Исто така ги користел Патувања од Жан-Батист Таверње и Пол Рико, но во помал обем. Од друга страна пак, описот на животот во Париз е од неговите сопствени искуства, од разговори и анегдоти. Персиските писма наишле на позитивни реакции, а стилот на пишување бил многупати имитиран од други автори. Критиката ги опишала како автентични ориенталните импресии за француското општество, и ја пофалила политичката и религиозна сатира и критика. До средината на 20. век книгата претежно се анализирала како прецизна дијагноза на Франција од времето на регентите.

Литература уреди

  • Antoine Adam, Genève: Droz, 1954.
  • Jean Starobinski, Paris: Gallimard "Folio," 1973, reprinted in 2003.
  • Paul Vernière, Paris: Classiques Garnier, 1960, reprinted in 1965, 1975, 1992; revised edition by Catherine Volpilhac-Auger, Livre de Poche classique, 2001.
  • Cecil Courtney, Philip Stewart, Catherine Volpilhac-Auger, Pauline Kra, Edgar Mass, Didier Masseau, Œuvres complètes, Oxford: Voltaire Foundation, vol. I, 2004. Critical edition based on the original 1721 edition.
  • Philip Stewart, Paris, Classiques Garnier, 2013. Text of the original 1721 edition.

Надворешни врски уреди