Пермекева библиотека

Пермекевата библиотека (холандски: Bibliotheek Permeke) ― јавна библиотека во Антверпен, Белгија. Библиотеката дневно ја посетуваат околу 2.200 посетители.[1]

Историја уреди

Библиотеката е именувана по Оскар Пермеке, братучед на Констант Пермеке, кој порано ја воделе механичарската работилница „Permeke Motors“ во зградата.[2] Во 1982 година, Пермеке го преселил својот бизнис на друго место во градот поради недостаток на простор.

Библиотеката била отворена на 22 април 2005 година, последниот ден кога Антверпен ја имал титулата Светска престолнина на книгата.[2] Јавната библиотека сместена во Lange Nieuwstraat била затворена на 1 септември 2004 година.

Поемата „Binnen“ од белгискиот писател и поет Барт Мојаерт е изложена во библиотеката.[3]

Наводи уреди

  1. „Bibliotheek Permeke ontvangt 2.200 bezoekers per dag (en die zijn best tevreden)“. HLN.be. 26 август 2019. Посетено на 5 декември 2021.
  2. 2,0 2,1 „Permeke: bibliotheek nieuwe stijl“ (PDF) (холандски). VVBAD. 2 септември 2005. Архивирано од изворникот (PDF) на 19 мај 2019. Посетено на 5 декември 2021.
  3. „Gedichten doen iets met mensen. Door ze in de stad aanwezig te maken, worden ze deel van de stad“ (холандски). Radio 1. 26 август 2016. Архивирано од изворникот на 15 февруари 2019. Посетено на 5 декември 2021.

 

Надворешни врски уреди