Пере Кикески
Пере Томев Кикески (15 април 1925 во Пештани, Охридско — јуни 1945 во Белград, Србија) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиПере Томев Кикески е роден на 15 април 1925 година во селото Пештани. Бил општ работник. Кон НОБ се приклучил доброволно есента 1944 година. Како борец на Првата македонска ударна бригада учествува на Сремскиот фронт, каде што е ранет. Од здобиените рани се лекува и умира во јуни 1945, во воената болница во Белград.[1]