Перек[1] — вид солено печиво.

Перек
Разни видови переци
Видлеб
РегионСредна Европа
Главни состојкибрашно, сол

Переците традиционално се подготвуваат од потквасено тесто од бело брашно и обично се прелива со мешавина од брашно, сол и вода. Може да се најдат во многу пекарници и речиси редовно се дел од асортиманот што се нуди на саемските штандови. Тие одамна се дел од кулинарската традиција во Централна Европа, иако стекнаа популарност низ целиот свет поради нивниот атрактивен изглед и вкус. Македонското име „перек“ доаѓа од германскиот збор „Brezel“.

Освен во свеж облик, переците во продавниците се продаваат и како долготрајни печива во оригинални кеси за пакување (солени стапчиња во облик на переци).

Наводи

уреди