Пентекост (бислама: Pentikos, англиски: Pentecost, француски: Pentecôte, „педесетница“) е остров во покраината Пенама во островската држава Вануату. Островот е најнаселен во оваа покраина. Пентекост се наоѓа на околу 190 км северно од главниот град Порт Вила, а месното население го именува островот и како Вану Ароароа, Рага или Арага.

Пентекост
Местоположба на Пентекост во Вануату
Географија
МестоТихи Океан
Координати15°45′38″S 168°11′23″E / 15.76056° ЈГШ; 168.18972° ИГД / -15.76056; 168.18972
АрхипелагВануату
Површина490 км2
Највисоко место947 м
Држава
Vanuatu
ПокраинаПенама
Демографија
Население16,843 (2009)
Етнички групиВануаќани

Географија

уреди

Пентекост е планински остров кој има должина од над 60 километри и површина од 490 километри квадратну. Највисока точка на островот е Вулмат со 947 метри. Овој планински предел го дели островот на два географски дела, влажен источен брег и посушен западен брег. Брегот е доста зелен и погоден за плантажи и сточарство. Климата на островот е тропска и просечните годишни врнежи изнесуваат 3.500 мм. Има две годинишни сезони на островот, дождлива сезона од ноември до април и сува сезона од мај до октомври. Често има појави на циклони.

Население

уреди

Островот има население од скоро 17,000 според пописот од 2009 година.[1] Населението воглавно е населено на западниот брег. На островот нема вистински град, туку населението живее во села. Селата на Пентекост се: Лаоне, Ававатунтора, Лолтонг, Латано,Намбварангиут, Бварнапни Мелсиси, Ранвади, Вану, Баравет Лоророр, Хотва, Панас, Валу, Панги, Назарет, Атватбанга, Ена, Вутсунмвел, Танбок, Нарува, Убику, Тансип и Ранпутор. На источниот брег се наоѓаат селата Ранвас, Бунлап, ранон, Ренбура и Ванрасини.

Сообраќај

уреди

На островот има два аеродрома за локален авио-транспорт: Лонороре и Сара. Покрај овој воздушен сообраќај, островот е поврзан со траекти со Порт Вила и Луганвил. Најчесто островот е посетуван на западниот брег, источниот брег поретко го посетуваат бродови. Патиштата и патеките не се асфалтирани, но ги поврзуваат сите села на островот.

Јазици

уреди

На островот се зборуваат пет автохтони јазика: рагански јазик, апмански јазик, совански јазик, скејски јазик и саски јазик. Покрај овие, скоро сите зборуваат и на бислама. Образованите лица зборуваат и англиски и француски.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 2009 Census Summary release final Архивирано на 21 декември 2013 г. - Government of Vanuatu

Надворешни врски

уреди