Пелтонова турбина
Пелтоновата турбина е еден од најефикасните типови на водни турбини. Била измислена од страна на Лестер Ален Пелтон во 1870-тите години. Пелтоновата турбина ја собира енергијата од импулсниот момент на проточната вода, за разлика од традиционалните тежниски водни турбини. Иако постоеле повеќе варијации на импулсни турбини пред Пелтоновиот дизајн, тие биле помалку ефикасни од Пелтоновиот дизајн. Водата која протекувала низ овие турбини требало да има голема проточна брзина, при што се губело голем дел од енергијата. Геометријата на пелтоновите лопатки е дизајнирана така што кога тркалото се врти со ½ од брзината на водниот млаз, водата ја напушта турбината со многу мала брзина, при што се собира речиси целата нејзина енергија, што пак резултира со голема ефикасност на турбината.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
уреди„Пелтонова турбина“ на Ризницата ? |