Пелосколекс станковиќи форма типика

Пелосколекс станковиќи форма типика (Peloscolex stankovici forma typica) е од класата Олигохета (Oligochaeta) - водени црви.[1]

Опис

уреди

Должината на телото на овој тип водени црви им е од 4 до 6 мм. а поретко до 7 мм., а дебелината во сегмент од 0,7о мм. со телесни сегменти од 30 до 39. Дорзално меѓу хетите постојат по 3, а постклителијално по две секторни брадавици во сегмент. Во дорзалните снопови до XIII сегмент постојат 1-2 влакновидни хети чиј број на XV-XVIII сегмент се покачува на 16. Во предниот дел на телото постојат вентрални хети , а во средниот и задниот по 1. Вентралните хети на X сегмент се заменати со специјални спермотекални хети, кои се наоѓаат во една особена чекинеста вреќичка. Клителумот наполно е развиен во времето на половиот активитет, бело обоен и се простира од X сегмент до десепиментот XII/XIII.[1]

Живеалиште

уреди

Оваа форма, освен во Охридско Езеро не се сретнува ниту во материјалот на крајбрежните води од Охридската Котлина, ниту пак во Преспанско Езеро, Дојранско Езеро или Скадарско Езеро. Според тоа, Пелосколекс станковиќи форма типика останува ендемска за Охридско Езеро.[1]

Размножување

уреди

Половата зрелост се манифестира во периодот јули-септември, а млади егземплари се среќаваат во октомври. Главно претставува профундален жител, но исто така се среќава во сублиторалната зона, но во многу помало количество.[1]

Вертикална дистрибуција

уреди

Пелосколекс станковиќи форма типика застапена е од 30 метри длабочина со 22 инд/м², со која густина на популацијата се среќава сè до 50 метри, од каде што густината расте. На длабочина од 50 метри густината изнесува 70 единки,а на 70 метра- 80 инд/м². Повторно потоа густината на популацијата се намалува сè до 100 метри (22 инд/м²) и расте до 140 метри (130 инд/м²), а најпосле постепено се намалува до најголемите длабочини.[1]

Хоризонтална дистрибуција

уреди

Освен на II и VIII профил каде што се наоѓа на 23 метри длабочина, оваа форма е распространета во сите други испитувани профили дури и до 30 метри, а најдлабоко е распространета на 220 метри на XI профил. Инаку, речиси на сите профили, вертикалната дистрибуција достигнува до 180 метри длабочина. Со исклучок на II, XI, XII профил, таа насекаде е распространета, каде помалку, каде повеќе. Побогато е застапена на профилите IV, V, VI и VII, со максимум во IV а со минимум во II и X профил. Најголема густина на популацијата се јавува во IV профил со 200 инд/м².

Најголема густина на популацијата на оваа форма се јавува на неколку типови подлоги. Имено, пред Хидробиолошкиот завод и месноста Горица дното е тињевито- песковито или песковито, со присуство на камчиња со мало количество на тиња. Пред месноста Свети Стефан има тиња со песок или чиста тиња и пред Равен дното е составено од ситен песок и корупки од изумрени Драјсенсии и полжави. Оттука, според подлогата претставува еуритопна форма, но во секој случај како најповолна подлога се јавува песковитата со мало количество на тиња. Според температурата би требало да е стенотермна, а исто така се јавува како стенобатна.[1]

Сезонско колебање на бројноста

уреди

Испитувањата во текот на 1953/1954 година и 1954/ 1955 година не даваат иста слика за колебањето на бројноста на популацијата во текот на годината. Додека во VII и IV месец на 1953/1954 година се јавува максимум на популацијата, а во 1954/ 1955 година имало обратен случај, во истите месеци бил минимумот, а максимумот бил остварен од VIII до XII месец. Во другите месеци се јавувала сличност во варирање на густината на популацијата.[1]

Годишни колебања на популацијата

уреди

Како и за многу други видови , така и за оваа форма на овој вид , квантитативната застапеност растела прогресивно од 1953 до 1955 година. Во 1953 година била застапена со 21,9%, , во 1954 година со 34,1%, а во 1955 година со 44 %.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Шапкарев, Ј., 1964: Фауната на олигохетите од Охридско Езеро. Годишен зборник на Природно-математички факултет на Универзитетот во Скопје, кн.15: 5-98.