Патум од Берга или едноставно Ла Патум е традиционален фестивал кој се слави секоја година во каталонскиот град Берга за време на празникот на Пресветото Тело и Крв Христова. Фестивалот се состои од театарски претстави и паради на различни ликови кои ги анимираат улиците на овој каталонски град северно од Барселона. Прославата се одржува секоја година помеѓу крајот на мај и крајот на јуни.

Генералитатот на Каталонија во 1983 година го прогласи за традиционален фестивал од национален интерес. Во 2005 година УНЕСКО го прогласи за ремек дело на усното и нематеријалното наследство на човештвото, а во 2008 година го запиша на својот репрезентативен список.[1]

За фестивалот

уреди

Вонредниот состанок на општинскиот совет, појавувањето на Табал (тапан) и четири камшици ја најавуваат свеченоста. Табал е предвесник на фестивалот. Звукот на неговиот такт (па-тум, па-тум) на овој фестивал му го дале името од доцниот 18 век.[2] Во следните денови се одржуваат бројни прослави од кои најзначајни се парадите, Церемонијалниот патум, Детскиот патум и Пуни патум. Сите ликови се здружуваат за да го изведат последниот танц, Тирабол.[1]

Потекло и значење

уреди

„Ла патум“ потекнува од претхристијанските прослави на летната долгодневица, со кои Католичката црква им дала нова симболика во рамки на своите прослави на Корпус Кристи. Во Берга, најрано сочувано споменување на оваа прослава е 20 мај 1454 година. Фестивалот еволуирал и вклучувал повеќе елементи од популарниот и религиозниот театар во средниот век, што довело до единствена комбинација на џинови, ѓаволи, ангели и други ликови со бизарен изглед.

И покрај неговото религиозно значење и Патумовото потекло од „евхаристиските претстави“, во својата сегашна форма тоа е пра претстава на популарниот театар. За Патум се заинтересирани и антрополози и експерти за фолклорни.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Patum of Berga“. unesco.org. Посетено на 14 јуни 2022.
  2. „tabal“. lapatum.cat. Посетено на 21 јуни 2022.

Надворешни врски

уреди