Патување на местото на несреќата (филм)

„Патување на местото на несреќата“ (хрватски: Putovanje na mjesto nesreće) – хрватски филм од 1971 година, во режија на Звонимир Берковиќ. Главните улоги ги толкуваат: Ана Кариќ, Раде Шербеџија, Емил Кутијаро, Наташа Маричиќ, Стево Жигон, Звонимир Рогоз, Вера Орловиќ, Зденка Хершак и Инге Апелт. Ова е вториот игран филм на Берковиќ, кој претставува модерна психолошка анализа на вечната тема на односот на ерос и танатос, а за успехот на филмот придонесуваат и фотографијата на Александар Петковиќ и ефектната музика на Алфи Кабиљо кој дебитирал токму во овој филм.[1]

Синопсис

уреди

Еден ден, младата Јелена (ја игра Кариќ) дознава од непознатото момче Влатко (го игра Шербеџија) дека нејзиниот сопруг е тешко повреден во сообраќајна несреќа и дека лежи во болницата во Сплит. Според неговите зборови, животот не нејзиниот сопруг не е во опасност, но тој не сака да го посети Јелена, туку неговата љубовница. Всушност, дури тогаш Јелена дознава дека нејзиниот сопруг има љубовница и тоа сознание ја исфрла од рамнотежата, па таа ја бара утехата во својот поранешен сопруг Нино (го игра Жигон), а потоа и кај својто татко Виктор (го игра Кутијаро), кој во минатото бил влијателен политичар, а сега е сместен во старечки дом. Меѓутоа, наместо утеха, разговорите со Нино и Виктор дополнително ја вознемируваат Јелена, па нејзината сосотјба само се влошува. Кога ќе сфати дека Влатко ѝ се додворува и кога тој ќе ѝ признае дека е вљубен во неа, Јелена го прифаќа неговото додворување. Меѓутоа, Влатко е површен и користољубив така што односот со него ја турка Јелена кон уште поголеми проблеми...

Наводи

уреди