Патики (плуралија тантум) се вид на обувки кои најчесто се користат при спортски активности. Меѓутоа во поскоро време станаа и моден тренд пак честопати се носат, не само при спортски активности.

Кошакарски патики

Видови на патики

уреди

Со оглед на тоа дека патиките во основа се користат за спортски активности, најпознатата поделба е на:

  • фудбалски патики или копачки. Овие патики најчесто сеплитки со специјално дизајнирана градба. Доколку фудбалот се игра на трева, тие често имаат крампони кои онемозвожуваат пролизгување.
  • кошаркарски патики. Овие патики имаат нешто поголема длабочина за додполнително да го зајакнат глуждот кој е изложен на големи притисоци при скокањето.[1] Честопати се изработуваат од поцврсти материјали како што е кожата или вештачките влакна.
  • патики за трчање или спринтерки. Ова се најчесто плитки патики и се одликуваат со еластичност и леснина. Поради тоа се прават од полесни материјали кои истовремено овозможуваат и одреден проток на ваздух.[2]
  • патики за тенис. Овие патики се плитки патики, а по останатите одлики се слични со кошаркарските, поради големите притисоци кои ги трпи стапалото додека се игра тенисот.
  • патики за сала спортови. Овие патики се најчесто плитки патики со специјално дизајнирани ѓонови кои спречуваат пролизгување. Се користат во спортови кои се играат во сала како што е ракометот и одбојката.

Популарни брендови

уреди

Постојат голем број на производители на патики и тие најчесто се подудараат со производителите на комплетната спортска опрема. Најпознатите се: Најк, Адидас, Конверс, Пума, Асикс и Рибок.

Останато

уреди

Поради популарноста како на спортот така и на спортистите патиките станале и моден тренд. Така често може и да се чуе и терминот патики за шетање, излегување и слично. Покрај спортот, тие станале обележје на севкупните движења и култури. Така да кажеме заштититниот знак на рокот од 70-ите станале патиките Конверс. Денеска бројни рапери потпишуваат милионски договори за да станат заштитно лице на Најк и Адидас.

Наводи

уреди
  1. „KoÅ¡arkaÅ¡ke patike smanjuju silu udarca i opterećenje na meka tkiva prilikom doskoka - Trening - BesplatanSport.com“. Архивирано од изворникот на 23 август 2013. Посетено на 1 септември 2013.
  2. Patike