Парк Буда
17°54′44″N 102°45′55″E / 17.91229° СГШ; 102.765397° ИГД
Паркот Буда, или познат и како Сјенг Куан („град на духови“) е градина со скулптури која се наоѓа на 25 километри југоисточно од Виентијан во Лаос. Паркот бил изграден на ливада покрај реката Меконг.[1][2] Иако не се смета за храм, често се именува како храм („ват“) поради бројните скулптури со религиозни мотиви.[3] Самиот парк има над 200 хиндуистички и будистички статуи.[4] Владата го управува паркот како туристичка атракција и јавен парк.[3]
Преглед
уредиИзградбата на паркот започнала во 1958 година од страна на Луанг Пу.[2] Тој бил свештеник-шаман кој ги интегрирал и хиндуизмот и будизмот.[2] По револуцијата во 1975 година, гневен од репрекусиите на Патет Лао, побегнал од Лаос во Тајланд, каде изградил друга градина со скулптури - Сала Кеоку во Нонг Каи.[1][5] Двата парка се во близина на тајландско-лаоската граница.
Статуите се изградени од армиран бетон, и некои имаат дури и бизарен лик.[5] Тие изгледаат како да се стари со векови, но всушност не се. Има скулптури од луѓе, богови, животни и демони.[4] Исто така има и бројни статуи на Буда, но и хиндустички богови како што се Шива и Вишну.[2] Се верува дека овие скулптури биле лиени од неумешни работници.[2]
Галерија
уреди-
Поглед кон паркот Буда.
-
Поглед кон паркот Буда.
-
Поглед кон паркот Буда.
-
Поглед кон паркот Буда.
-
Поглед кон паркот Буда.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Jeff Cranmer; Steven Martin; Kirby Coxon (November 2002). Rough guide to Laos. Rough Guides. стр. 111–112. ISBN 978-1-85828-905-2. Посетено на 18 June 2011.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Nick Ray; Thomas Huhti (2007). Vietnam, Cambodia, Laos & the Greater Mekong. Lonely Planet. стр. 271. ISBN 978-1-74104-761-5. Посетено на 18 June 2011.
- ↑ 3,0 3,1 Let's Go, Inc. Staff (18 November 2004). Southeast Asia. Macmillan. стр. 106. ISBN 978-0-312-33567-0. Посетено на 18 June 2011.
- ↑ 4,0 4,1 „Vientiane Attractions - What to See in Vientiane“. Посетено на 18 June 2011.
- ↑ 5,0 5,1 Jock O'Tailan (17 June 2008). Footprint Laos. Footprint Travel Guides. стр. 82. ISBN 978-1-906098-18-6. Посетено на 18 June 2011.
Литература
уреди- John Maizels, Deidi von Schaewen (photo), Angelika Taschen (ed.), Fantasy Worlds, Taschen (2007), pp. 218–219.
„ Buddha Park“ на Ризницата ? |