Париски принципи – начела дефинирани на првата меѓународна работилница за национални институции за унапредување и заштита на човековите права одржана во Париз од 7 до 9 октомври 1991 година. Истите биле усвоени од Комисијата за човекови права на Обединетите нации со резолуцијата 1992/54 од 1992 година и од Генералното собрание на ООН со резолуцијата 48/134 од 1993 година. Париските принципи се однесуваат на статусот и функционирањето на националните институции за заштита и унапредување на човековите права.

Покрај размената на мислења за постојните аранжмани, учесниците на работилницата изготвиле серија препораки за улогата, составот, статусот и функциите на националните институции за човекови права (НИЧП).[1]

Петте одредби

уреди

Париските принципи наведуваат голем број одговорности за националните институции, поделени во пет наслови.

Прво, институцијата ќе ја следи секоја состојба на повреда на човековите права што ќе одлучи да ја преземе. Второ, институцијата ќе може да ја советува владата, парламентот и кој било друг надлежен орган за специфични прекршувања, за прашања поврзани со законодавството и општата усогласеност и примена со меѓународни инструменти за човекови права. Трето, институцијата се однесува на регионални и меѓународни организации. Четврто, институцијата има мандат да образува и информира во областа на човековите права. Петто, на некои институции им се дава квазисудска надлежност. [2]

„Клучните елементи на составот на националната установа се нејзината независност и плурализам. Во врска со независноста, единственото упатство во париските принципи е дека назначувањето на комесари или друг вид клучен персонал ќе се спроведува со официјален акт, утврдување на специфично времетраење на мандатот, кое може да се обновува.“ [3]

Усогласеноста со Париските принципи е централниот услов во процесот на акредитација со кој се уредува пристапот на НИЧП до Советот за човекови права на Обединетите нации и други тела. Ова е систем на перспективен преглед управуван од поткомитетот на Глобалната алијанса на националните институции за човекови права (ГАНИЧП).

Наводи

уреди
  1. Text of Paris Principles
  2. Национални институции за човекови права - спроведување на човекови права, Дански институт за човекови права, 2003 година. ISBN 87-90744-72-1, страница 6
  3. Национални институции за човекови права - спроведување на човековите права, Дански институт за човекови права, 2003 година. ISBN 87-90744-72-1, страница 7

Надворешни врски

уреди