Парабола за јаловата смоква
Параболата за јаловата смоква (или параболата за неплодната смоква) — позната Исусова алегориска парабола за смоквино дрво што не дава плод.
Тоа е запишано само во Евангелието според Лука (13:6–9).
Парабола
уредиЕвангелието според Лука ја пренесува следнава Исусова парабола:
6. И ја кажа оваа парабола: „Некој човек имаше во своето лозје посадено една смоква, па дојде да бара од неа плод, и не најде.
— Евангелие според Лука, 13:6–9[1]
7. Тогаш му рече лозарот: »Ете, три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, и не наоѓам; пресечи ја; зошто само да ја испостува земјата?«
8. А тој му одговори и рече: »Господаре, остави ја и оваа година, дури да ја опкопам и ѝ ставам ѓубре;
9. па, ако роди, добро; ако ли не, тогаш в година ќе ја пресечеш«.”
Толкувања
уредиВо Исусовото време во лозјата често се саделе смокви.[2] Смоквата била исто така вообичаен симбол на Израел, така што смоквата може да го претставува Израел во оваа приказна,[3] или може да се однесува посебно на неговите верски водачи.[2] Вообичаеното толкување е дека сопственикот на лозјето го претставува Бога, а лозарот Исус.[3] Поентата на параболота е дека Исус им нуди на своите слушатели последна прилика за покајание.[2]
Оваа парабола често се поврзува со некоја подоцнежна случка, кога Исус проколнал јалово смоквино дрво да се исуши.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Свето евангелие според Лука“. Свето писмо. Посетено на 26 мај 2024.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Jones, Peter Rhea (1999). Studying the Parables of Jesus. Smyth & Helwys Publishing, Inc. стр. 123–133. ISBN 978-1-57312-167-5.
- ↑ 3,0 3,1 Pianzin, Timothy Maurice (2008). Parables of Jesus: In the Light of Its Historical, Geographical and Socio-Cultural Setting. Tate Publishing. стр. 235–237. ISBN 978-1-60247-923-4.
- ↑ Whately, Richard (1859). Lectures on Some of the Scripture Parables. Johhn W. Parker and Son. стр. 153.
Литература
уреди- Jones, Peter Rhea (1999). Studying the Parables of Jesus. Smyth & Helwys Publishing, Inc. стр. 123–133. ISBN 978-1-57312-167-5.CS1-одржување: ref=harv (link)
Надворешни врски
уреди- Парабола за јаловата смоква на Ризницата ?