Пана Цинка (унгарски: Czinka Panna, словачки: Panna Cinková) (1711 (?) – 1772) била позната унгарско- ромска виолинистка.

Пана Цинка

Цинка е родена во Шајогомор, Унгарија (денешен Гемер, Словачка) во ромско семејство на музичари. Нејзиниот татко бил дворски музичар на Ференц II Ракоци. За нејзиниот татко и браќата се вели дека се автори на Ракоци марш.

Таа студирала музика во Рожнава и се омажила со ромски музичар и ковач. Легендата вели дека таа свирела виолина на 9-годишна возраст. По 1725 година, Цинка формирала музичка група со нејзиниот сопруг и деверите и била прва виолина во групата. Таа дизајнирала униформа за бендот. Таа станала позната по својата вештина со виолината.

Пана Цинка починала во 1772 година и била погребана на 5 февруари во Гемер. Нејзиниот гроб денес е непознат, но идните поети ѝ дадоа епитет „Циганска Сафо“. Многу унгарски писатели и композитори - како Мор Јокаи, Золтан Кодали и Ендре Доза - ја поставиле како лик во нивните дела.

За неа е снимен биографскиот филм Цинка Пана од Душан Рапош.

Надворешни врски

уреди