Павле Брановиќ
Павле Брановиќ (870–921) бил кнез на Србите од 917 до 921 година. На престолот го поставил бугарскиот цар Симеон I од Бугарија, кој го уапсил и го затворил претходниот кнез Петар. Петар бил затворен откако станал сојузник со византијците. Павле владеел четири години, пред да биде поразен од неговиот братучед Захарија Прибислављевиќ. Павле бил син на Бран, средниот син на Мутимир (851–891) од династијата Властимировиќ.[1]
Павле е роден во 870те години,[2] помеѓу 870 и 874 година,[3] и за него се грижел Бран Мутимировиќ, средниот син на Мутимир. Неговото христијанско име, во однос на претходната генерација пагански имиња, ја покажувало раширената христијанизација кај Србите.[4] Откако Мутимир, неговиот дедо, починал во 891 година, Прибислав станал принц (тутула пред кнез). Прибислав владеел накратко една година кога Петар се вратил и го победил. Прибислав побегнал во Хрватска со неговите браќа Бран (таткото на Павле) и Стефан.[5] Бран подоцна се вратил и водел неуспешен бунт против Петар во 894 година.[5] Бран бил поразен, заробен и заслепен (според византиската традиција).[6]
Во 917 година, византиската војска предводена од Лав Фокас ја нападнала Бугарија, но била решително поразена на 20 август во битката кај Ахелоус.[5] По битката кај Ахелоус,[5] Симеон испратил војска во Србија предводена од Павле (откако слушнал за византиско-српскиот сојуз), за да го заземе српскиот престол. Сепак, неуспешно бидејќи Петар се покажал како добар противник. Потоа Симеон ги испратил генералите Мармаис и Теодор Сигрица, убедувајќи го Петар (преку заклетва) да излезе за да сретне со нив. Тоа било измама бидејќи тој го заробил и го однел во Бугарија каде што бил затворен. Петар починал по една година.[5] По смртта на Петар, Симеон го поставил Павле на српскиот престол.[5]
Во 920 година, Захарија, прогонетиот син на Прибислав (најстариот од синовите на Мутимир), бил испратен во Србија од византискиот владетел Романос I Лекапенос (920–944) да го преземе престолот. Павле го поразил Захарија и го заробил, предавајќи му го на бугарскиот владетел Симеон, кој го затворил и го чувал за понатамошни политички потреби. Во меѓувреме, Павле ја вратил својата верност кон Византијците, што го поттикнало Симеон да го испрати затворениот Захарија против него на чело на бугарска војска. Тоа се случило во 921 година. Захарија ја добил битката, но набргу го потврдил својот византиски сојуз и го изневерил бугарското лажно сојузништво. За Павле повеќе не постоеле никакви информации.
Наводи
уреди- ↑ Ćirković 2004.
- ↑ Živković 2006.
- ↑ Veselinović & Ljušić 2008.
- ↑ A. P. Vlasto (2 October 1970). The Entry of the Slavs into Christendom: An Introduction to the Medieval History of the Slavs. CUP Archive. стр. 209–. ISBN 978-0-521-07459-9.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Fine 1991.
- ↑ Ferjančić 1966.