Очаушка пештера е пештера која се наоѓа на северозападните падини на планината Очауш, во селото Горњи Очауш, Општина Теслиќ, Република Српска, БиХ.

Влезот во пештерата
Влезна дворана
Најистакнат пештерски украс
Една од помалите дворани во пештерата

Истражена должина на пештерата е 512 метари. Оддалечена е околу 50 км од градот Теслиќ. Влезот се наоѓа на височина од 973 мнв, а приодот до влезот е стрмен и прилично тежок, така да не е често посетена.

Пештерата стручно е истражувана и премерувана неколку пати, но ниту еднаш во потполност. Првите истражувања ги вршела екипата на Националниот музеј од Сараево уште во 1971 година.

Во периодот од 1983 до 1987 година професорот по географија од средното училиште во Теслиќ, Чедомир Црногорац, во повеќе наврати со учениците ја посетувал пештерата и вршел некои од мерења.

Први пообемни мерења и истражувања ги извршило Спелеолошкото друштво "Понир" од Бања Лука во 1997 и 1998 година.

Поврзано

уреди

Извори

уреди

• монографија "Пећине и јаме Републике Српске", Горан Дујаковић

Наводи

уреди