Охридски дијалект

(Пренасочено од Охридски говор)

Охридски дијалект — дијалект во подгрупата на западни и северозападни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се зборува на територијата на градот Охрид со околината по источниот брег на Охридското Езеро. Охридскиот дијалект е близок дијалект со струшкиот дијалект и со вевчанско-радошкиот дијалект. Овој дијалект дели поголем број на кракатеристики со соседните дијалекти.

Охридскиот дијалект на картата на македонските дијалекти

Фонолошки особености

уреди
  • неподвижен акцент
  • загуба на меѓусамогласното в
  • загуба на меѓусамогласното г
  • загуба на меѓусамогласното д

Морфолошки особености

уреди
  • употреба на наставната -иче за именки од женски род
  • употреба на сите трите членови
  • зачестена употреба на свршените облици (перфект)

Глаголи

уреди
  • наставките за сегашно време се следниве: за прво лице еднина е -ам, за второ , за трето , а за множина се: -ме за прво лице, -те за второ и -ет за трето лице[1]
Сегашно време[2]
а-група и-група
Еднина
1л. викам 1л. паднам
2л. викаш 2л. падниш
3л. викат 3л. паднит
Множина
1л. викаме 1л. падниме
2л. викате 2л. падните
3л. викет 3л. паднет

Наводи

уреди
  1. Марковиќ, Марјан (2007). Ароманскиот и македонскиот говор од охридско-струшкиот регион : (во балкански контекст). Македонска академија на науките и уметностите. стр. 111. ISBN 9789989101731.
  2. Марковиќ, Марјан (2007). Ароманскиот и македонскиот говор од охридско-струшкиот регион : (во балкански контекст). Македонска академија на науките и уметностите. стр. 102. ISBN 9789989101731.

Надворешни врски

уреди