Охлони, претходно познати и како Костаноани (од шпански: costeño, крајбрежен жител) се племе на домородни Американци од севернокалифорнискиот брег.[1] Кога шпанските истражувачи и мисионери пристигнаа во северна Калифорнија кон крајот на осумнаесетиот век, Охлоните ја населуваа областа од Санфранцискиот залив преку Монтерејскиот залив до долната Салинашка долина. Охлоните зборуваа повеќе различни јазици.[2] Охлонските јазици се група во утијанското јазично семејство.[3]

Луѓето од Охлони насликани од Луис Хорис

Охлоните денеска припаѓаат на повеќе географски различни групи со живеалишта во и надвор од нивната домородна територија.[4] Припадниците на Тамиен нацијата се директни наследници на Охлоните од Сантакларската долина кои зборувале на тамиенскиот јазик.[5] Племето Мавекма Охлони живее во Заливската област на Сан Франциско и се состои од Охлони кои потекнуваат во областа околу мисиите Сан Хосе, Санта Клара и Сан Франциско.[2][6] Охлони Еселен нацијата се состои од потомци од мешани бракови меѓу Румсен Костаноани и Еселен племињата околу мисијата Сан Матео Боромео, со седиште во Монтереј. Други помали заедници на Охлони живеат во околните области.

Наводи

уреди
  1. „Terminology: On the Terms Costanoan, Ohlone, Ramaytush, and Yelamu“. The Association of Ramaytush Ohlone. Посетено на 19 јуни 2022.
  2. 2,0 2,1 Челзи, Кејт (6 ноември 2019). „Stanford prepares to rename Jane Stanford Way as it honors its relationship with the Muwekma Ohlone“. Stanford News. Посетено на 19 јуни 2022.
  3. „Vocabulary in Native American Languages: Ohlone/Costanoan Words“. Native Languages. Посетено на 19 јуни 2022.
  4. „Chapter 10: Today's Ohlone/Costanoans, 1928-2008“ (PDF). National Park Service. Посетено на 19 јуни 2022.
  5. „The Ohlone in Santa Clara“. Santa Clara University. Посетено на 19 јуни 2022.
  6. Косеф, Алексеи (27 ноември 2020). „New California law seeks to give tribes more standing to recover sacred objects from museums“. San Francisco Chronicle. Посетено на 19 јуни 2022.