Офсет печатење
Офсет печатењето (од англиски: offset) е широко употребувана техника на печатење, каде што печатењето на материјалот (слики, текст, вектор и сл.) индиректно се пренесува од офсетна плоча на гумен цилиндар, и конечно од гумениот цилиндар на површината за печатење.
Целокупниот процес отприлика би изгледал вака, најпрво писателите и дизајнерите партиципираат во креативниот процес па потоа офсeтното печатење се одвива во три фази: подготовката за печатење (фотолити и печатарски плочи), самото печатење кое се одвива со огромна брзина и на крајот доработката на идните публикации (свиткување, сечење, лепење, хефтање, пакување и слично.) Кога се користи во комбинација со литографски процес, кој работи на основа на одбивноста помеѓу водата и мастилото, офсет техниката се изведува со рамен носач на слики, каде што сликата што треба да се печати добива масло од ролните, додека непечатената површина привлекува лента со вода, со што непечатената површина останува без мастило.
Хартијата поминува помеѓу цилиндрите и на неа под притисок од цилиндарот со печатарска плоча се отпечатува дизајнот. Ова се повторува најкмалку четири пати, односно хартијата поминува низ четири печатарски плочи во офсетната машина, а на нив се нанесени четирите основни бои (цијан, магента, жолта и црна), за на крајот со мешање на истите да добиеме целосен колор отпечаток. Освен основните бои, во офсет печатењето може да се користат и каталошки специјални бои (златна, сребрена, металик бои и др). Плочите денес најчесто се прават дирекно од комјутерот, наспроти начинот на правење плочи со фотографски филм кој исто така сѐ уште се користи.
Офсет литографското печатење обично го печати дизајнот со 3000 dpi (точки по инч) и се користи за печатење на висококвалитетни публикации, како списанија, брошури, летоци, колор книги и многу други печатени материјали.
Оваа статија технологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |