Ото Вајнингер
Ото Вајнингер (Otto Weininger) (3 април 1880 - 4 октомври 1903 г.) е австриски филозоф. Во 1903 година ја има објавено книгата Geschlecht und Charakter (Пол и карактер), која стекнала голема популарност по неговото самоубиство на 23 години. Денес Вајнингер се смета за мизогин и антисемитистички автор, иако на времето Лудвиг Витгенштајн и Аугуст Стриндберг го сметале за вистински гениј.
Ото Вајнингер Otto Weininger | |
---|---|
Роден(а) | 3 април 1880 Виена, Австроунгарија |
Починал(а) | 4 октомври 1903 Виена Австро Унгарија | (возр. 23)
Причина за смрт | Самоубиство со истрел |
Установа | Универзитет во Виена |
Период | Филозофија од 20 век |
Подрачје | Западна филозофија |
Школа | Идеализам |
Претежна дејност | Филозофија, логика, психологија, генијалец, пол, филозофија на религијатаn |
Значајни идеи | Сите луѓе имаат елементи на женственост и машкост, Логиката е врзана за принципот на идентитет |
Влијанија од
| |
Влијаел врз
|
Пол и карактер
уредиКнигата Пол и карактер расправа дека луѓето се составени од мешавина на машка и женска супстанција и се обидува научно да ги докаже овие ставови. Машкиот аспект е активен, продуктивен, свесен и морален/логичен, додека женскиот аспект е пасивен, непродуктивен, несвесен и неморален/нелогичен. Вајнингер расправа дека еманципацијата е возможна само за „маскулините“ жеени, т.е. за некои лезбејки, и дека женскиот живот е обземен од сексуалната функција: од самиот сексуален чин, како проституција и од производот на тој сексуален чин, мајчинството. Спротивно на тоа, должноста на машкото, или на машкиот аспект на личноста, е да се обидува да стане гениј и да се откаже од сексуалноста во име на апстрактната љубов кон Бог, кој го наоѓа во самиот себеси.
Голем дел од оваа книга е посветен на природата на генијот. Вајнингер расправа дека нема такво нешто како личност која има гениј, да речеме за математика или музика, туку дека постои само универзален гениј, во кој постои сè и сè има смисла. Тој заклучува дека ваквиот генеј веројатно е просутен во сите луѓе во некој степен.
Во едно поглавје вајнингер, кој и самиот е Евреин преобратен во христијанство во 1902 година, го анализира архетипот на Евреинот како женствен и со тоа длабоко нерелигиозен, без вистински индивидуализам, односно душа и без чувство за добро и лошо. Христијанството го опишува како „највисоката експресија на највисоката вера“, додека јудаизмот го нарекува “екстремно кукавиштво“. Вајнингер го оплакува пропаѓањето на модерното време и големи заслуги за тоа му припишува на женското (или „еврејското“) влијание. Според заклучоците на Вајнингер, сите покажуваат одредена женственост или еврејство.
Самоубиството на Вајнигер во куќата во Виена во којашто умрел Лудвиг ван Бетовен, човекот што тој го сметал за еден од најголемите гении, го направило славен, инспрација за неколку имитативни самоубиства и го зголемило интересот за неговата книга.