Осојно Езеро (познато и како: Извирско Езеро) — природно ледничко езеро на планината Кораб во Македонија. Се  наоѓа  веднаш  под врвот Бачилски Камен и трите природни леднички езера  Бачилско ЕзероСредно Езеро и Долно Езеро на надморска височина  од  1,620  метри. Сместено е во вдлабнатина на стрмна тераса која ги поврзува гребенот Осој на исток и врвот Бачилски Камен на запад[1]. Самото езеро претставува извор на повремен поток кој претставува изворишна челенка на Изворскиот Поток кој пак е изворишна челенка на реката Рибница. Езерото се одликува со бистра вода и има променлив водостој, но воопшто не пресушува, а поради пропусливоста на стрмното земјиште над него прима вода од езерата погоре од него. Именувањето како Извирско Езеро доаѓа од фактот што самото езеро претставува извор и воедно може да е наречено според пределите Голем и Мал Извор, а може да се нарече и Осојно поради блискиот истоимен гребен[2].

Извирско Езеро
Длабочина 0,6 м
Надморска висина 1.620 м
Планина Кораб

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Sharevski, Mario (2019). „GENERAL GEOGRAPHICAL OVERVIEW OF THE KORAB MOUNTAIN AND ITS (UN)EX-PLORED PEAKS, LAKES AND LANDSCAPES“ (PDF). Географски разгледи / Geographical Reviews. 52: 91–106. doi:https://doi.org/10.37658/GR19520091sh Проверете ја вредноста |doi= (help).
  2. Шаревски, Марио (2020). „Општ географски преглед на планината Кораб и нејзините (не)истражени врвови, езера и предели“. Записи за Кораб: 33–35. ISBN 978-608-66336-1-5. Архивирано од изворникот на 2020-08-11. Посетено на 2021-11-30.