Долно Езеро
Ледничко езеро на планината Кораб
Долно Езеро — природно ледничко езеро на планината Кораб во Македонија. Долното Езеро се наоѓа на истата долинска страна како и претходните две корапски езера - Бачилско Езеро и Средно Езеро, во изворишниот дел на долината на реката Рибница во месноста Долни Чардак помеѓу врвовите Бачилски Камен и Бабин Камен, на височина од 1,620 метри[1]. По своето потекло е акумулативно, настанато со преграда на моренски седименти. Длабочината на ова езеро изнесува 50 см, а неговата површина 30 м2 [1].
Долно Езеро | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Површина | 30 м2 |
Надморска висина | 1.620 м |
Планина | Кораб |
Галерија
уреди-
Поглед на езерото
-
Поглед водите на езерото
-
Поглед на езерото
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 7 ноември 2017.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)