Осоговка

(Пренасочено од Осоговка оро)

Осоговка е народно оро од Кочанско, кое географски потекнува од селата на Осоговските планини.

Изведба на македонско народно оро- Осоговка

Тоа е типично темпераментно машко народно оро, со изразито балансирање, потскокнување, доскокнување и остри движења со двете нозе. Се игра со голема екстраваганција и одважност и на одредени моменти со гласни извици на играорците [1]. Карактеристично за орото Осоговка е што во еден момент во играта еден од играорците го подигнува другиот повисоко од своите раменици, за што е потребна извесна умешност и сила.

Целта на ваквите ора била да се прикаже силата на играорците кои го играле, како и нивната ритмичност заради релативно брзиот ритам и разиграни чекори.

Надворешни врски

уреди

“Осоговка“ - Танец

Наводи

уреди
  1. „Кореографии, КУД Таше Милошевски“. Архивирано од изворникот на 2009-11-02. Посетено на 2009-12-06.