Осмиот патник против Предаторот (филм)

Осмиот патник против Предаторот, може да се сретне и како Вонземјанин против Предатор (англиски: Alien vs. Predator) — фантастичен акционен филм на ужасите во режија на Пол В. С. Андерсон, кој е и еден од авторите на сценариото на филмот.[9] Главните улоги во филмот ги толкуваат Сана Лејтан, Ленс Хенриксен, Раул Бова. Филмот е кросовер на тетралогијата „Осмиот патник“ и дилогијата „Предатор“.

„Осмиот патник против Предаторот“
Плакатот на филмот
РежисерПол Вилијам Скот Андерсон
Продуцент
Главни улоги
МузикаХаралд Клозер
КинематографијаДејвид Џонсон
МонтажаАлександер Бернер
Студио
Дистрибутер20th Century Fox
Премиера12 август 2004 (2004-08-12) (меѓународно)
13 август 2004 (2004-08-13) (САД)
Времетраење100 минути
Земја
Јазик
Буџет60 — 70 милиони долари[7][8]
Бруто заработка177,4 милиони долари

Содржина

уреди

Во 2004 г., сателитот на корпорацијата „Вејланд индустрис“ забележал топлотен бран на островот Буве. Судејќи според топлотниот модел, изворот на топлина е пирамида што ги спојува одликите на египетската, ацтешката и камбоџанската култура и е изградена, според теоријата на научникот Себастјан де Роза (Раул Бова), од првобитна цивилизација. Милијардерот и основач на корпорацијата Чарлс Бишоп Вејланд (Ленс Хенриксен) организира експедиција на група научници со учество на Алекса Вудс (Сена Лејтан) на островот Буве, додека бродот на Предаторите се приближува до Земјата.

По пристигнувањето на островот Буве на Антарктикот, експедицијата открива дека некој во текот на ноќта пробил тунел низ мразот што води до пирамидата. Не наоѓајќи никого во близина, Вајланд сепак одлучува да оди надолу. Во пирамидата луѓето откриваат цела мрежа од ходници и соби и во одреден миг, без да знаат, вклучуваат извор на енергија што ја буди вонземската кралица затворена длабоко во пирамидата. Оставајќи неколку членови на експедицијата во салата за жртвување, Вудс и остатокот од групата се упатуваат кон салата подолу, каде што наоѓаат саркофаг што содржи оружја на Предаторите. Откако ги земаат, јунаците на тој начин го вклучуваат механизмот на пирамидата, како последица на што таа почнува да се обновува, придвижувајќи некои подвижни компоненти на градбата, а јајцата се појавуваат во салата за жртвување и лицефаќачите (вид вонземјани) што излегуваат од нив ги заразуваат луѓето што биле оставени во неа, а по неколку часа од луѓето излегуваат ксеноморфи. Тројца млади Предатори — Скар, Келт и Чопер — пристигнуваат на островот. Откако ги убиваат сите луѓе на станицата, тие слегуваат внатре и ги напаѓаат останатите луѓе. Платеникот Стоун (Петр Јакл) е убиен од Предатори. Како последица на движењето на плочите на пирамидата, д-р Конорс е заробен и убиен, а одредот е поделен во две групи: едната — Милер (Јуен Бремнер) и Верхајден (Томи Фланаган), другата — Вејланд, Максвел (Колин Самон), Де Роза и Вудс. Милер и Верхајден умираат како последица на напад на вонземјани.

Следејќи го ходникот, останатите членови на групата се среќаваат со Предатори. Тие се подготвени да ги убијат, но ситуацијата ја спасува еден од ксеноморфите и убива двајца Предатори. Вудс, Вејланд и Де Роза бегаат, прогонети од последниот Предатор. Пред следното востановување, тие го губат помошникот на Вејланд, Максвел, но успеваат да се спасат, оставајќи го непријателот зад ѕидот. Себастјан ги дешифрира хиероглифите на ѕидовите и објаснува дека Предаторите ја посетиле Земјата пред илјадници години. Тие биле оние што ги научиле луѓето од првобитните цивилизации на градежната уметност и ги обожавале како богови. На секои 100 години се враќале на Земјата и кога тоа ќе се случело, барале жртви од луѓето — Предаторите ги користеле како храна за „главниот плен“, а тоа биле ксеноморфите со кои се бореле, докажувајќи го своето право на титулата воин. Но ако Предаторите не успеале, би се разнесле себеси и ксеноморфите, спречувајќи ги да избегаат во надворешниот свет, а со тоа уништувајќи цели цивилизации. Себастјан и Алекса заклучуваат дека затоа сегашните Предатори се на пирамидата, а топлотното зрачење било финта за привлекување луѓе на местоположбата со единствена цел да се создадат нови ксеноморфи за да продолжат со ловот.

Вудс сфаќа дека без оружјето што луѓето го извадиле од саркофагот, Скар сигурно ќе пропадне и се нуди да му го даде, следејќи го принципот „непријателот на мојот непријател е мој пријател“. Низ прозорецот во вратата, тие гледаат како Скар убива лицефаќач со бумеранг со сечила, а потоа друг ксеноморф со сечилата на канџите. Скар ја откинува шепата на лицефаќачот и ја потпишува неговата крв на неговата маска и на челото (ова е еден вид иницијациски обред за кој е потребна крв од поразен непријател), по што тој е нападнат од друг лицефаќач. Кога пирамидата е востановена, таа и Себастјан одат да се сретнат со Предаторот, но Себастјан е грабнат од вонземјани, а Алекса останува сама.

Скар наскоро ја наоѓа и Алекса му го дава ранецот со оружјата, по што таа решава да го следи, надевајќи се дека тоа ќе ѝ помогне да преживее. Двајцата се нападнати од ксеноморфи и Предаторот убива еден од нив. Скар ѝ дава шилец од опашката на ксеноморфот поставен на столб како оружје и глава како штит од киселата крв на непријателот. Двајцата го наоѓаат Себастјан покрај купот ксеноморфни јајца, во него веќе е вграден ембрион, а Алекса нема друг избор освен да го убие. Но веднаш по ова градокршач (англ. Chestburster) избива од него, а Скар веднаш му го крши вратот. Скар остава бомба на ѕидаријата за да ја уништи целата пирамида заедно со ксеноморфите и купот од јајцата, по што тие бегаат. Во исто време, Кралицата на Ксеноморфите, заробена од Предаторите, е ослободена и заедно со своите поданици тргнува во потера по Алекса и Скар, кои успеваат да побегнат од пирамидата пред избувнувањето. По ова, Предаторот, користејќи ја киселата крв на ксеноморфот, ја означува Алекса на образот како знак дека е воин, а миг подоцна, кралицата, која го преживеала избувнувањето, ги напаѓа. Скар влегува во борба со неа, но е смртно ранет, а Алекса лукаво ја фрла кралицата во океанот, врзувајќи ја со ланците со кои била окована во занданите на пирамидата за резервоар со вода.

Алекса клекнува до Предаторот, а тој умира од раните. Бродот на Предаторите си го отстранува прикривањето, се појавуваат други Предатори и го земаат телото на нивниот паднат другар, а „Старешината“ на Предаторите ѝ дава едно од телескопските копии што ги користат во знак на почит. Останатите Предатори ги препознаваат нејзините вештини како воин по симболот што Скар ѝ го изгорел во образот пред да умре, користејќи вонземска крв. Бродот на Предаторите полетува и ја напушта планетата. Алекса оди до моторната санка и ја напушта областа.

Бродот на Предаторите е во орбитата на Земјата. Предаторите го оставаат телото на паднатиот Скар на постамент пред прозорецот на бродот. Неколку мигови подоцна, неговото тело се тресе и од него излегува новороден вонземјанин предатор, со одлики и на Вонземјанин и на Предатор.

Наводи

уреди
  1. „Alien Vs. Predator“. www.filmcommission.cz (чешки). Архивирано од изворникот 11 February 2018. Посетено на 10 February 2018.
  2. Meils, Cathy (18 February 2004). „Stillking Films sees profits mushroom“. Variety. Архивирано од изворникот 11 February 2018. Посетено на 10 February 2018.
  3. Harvey, Dennis (13 August 2004). „Alien vs. Predator“. Variety. Архивирано од изворникот 10 February 2018. Посетено на 10 February 2018.
  4. „AVP: Alien vs. Predator“. Lumiere Film Database. Архивирано од изворникот 23 June 2018. Посетено на 22 February 2018.
  5. „Alien vs. Predator“. American Film Institute. Архивирано од изворникот 23 February 2018. Посетено на 22 February 2018.
  6. „AVP Alien Vs. Predator“. BFI Film & TV Database. Архивирано од изворникот на 30 September 2008. Посетено на 22 February 2018.
  7. „Alien vs. Predator (2004)“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот 25 April 2013. Посетено на 21 July 2009.
  8. „AVP: Alien Vs. Predator (2004) - Financial Information“. The Numbers. Архивирано од изворникот 12 February 2021. Посетено на 15 December 2020.
  9. „Sigourney Weaver reveals she hates Alien vs Predator as much as everyone else, then randomly turns up on the set of Doc Martin“. Архивирано од изворникот 12 јуни 2018. Посетено на 2016-09-29.

Надворешни врски

уреди