Ослободување (весник)
Ослободување бил печатен орган на Македонската младинска тајна револуционерна организација со главен уредник Коста Црнушанов. Започнал да се печати во Виена [1] во декември 1932 година со поднасловот Глас на поробена Македонија. Нелегално се растурал во Македонија и се противел на насилна денационализација на македонското население во Вардарска и Егејска Македонија. Весникот се состоел од четири страници и содржел рубрики како "Страници од минатите борби на Македонија", Српското и грчкото ропство и отпор против него, Странски научници за Македонија и други. Весникот одиграл важна улога во организирање на младите во Македонија околу идејата на ММТРО [2].
Сопственик | ММТРО |
---|---|
Уредник | Коста Црнушанов |
Основан | 1923 |
Јазик | Бугарски |
Седиште | Виена |