Осија (библиска книга)
„Книгата на пророкот Осија“ — книга од Стариот завет во која се опишани пророштвата на пророкот Осија.
Содржина
уредиБог му се јавува на Осија со налог да се ожени со блудница, која ќе му роди деца. Така Бог ги нарекува Израилевите племиња зашто отстапиле од божјите закони и ги прифатиле туѓите идоли, служејќи му на Ваал наместо на својот Бог. Божјиот гнев е особено насочен кон Ефремовото племе, но исто така и кон сите Израилци. Поради идолопоклонството, Израилците ќе бидат казнети така што ќе бидат поробени од другите народи, а луѓето ќе бидат раселени во Асирија и во Египет. Сепак, наспроти својот гнев, Бог најпосле ќе покаже милост кон својот народ и нема целосно да го уништи, туку ќе го врати во татковината. Тогаш, кога Израилците ќе го прифатат божјиот закон, Бог ќе им подари слава и изобилство.[1]
Наводи
уреди- ↑ Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 1104-1111.