Осигурително брокерско друштво
Осигурително брокерско друштво (англиски: Insurance Broker) - трговско друштво кое се занимава со извршување брокерски работи во областа на осигурувањето.
Осигурително брокерски работи
уредиВо групата на осигурителни брокерски работи спаѓаат:[1]
- посредување во договарање на осигурителното покритие на осигурениците
- посредување при реализирање на отштетни побарувања по остварен осигурен штетен настан
- снимање ризици
- посредување при процена на штети
- посредување при продажба на остатоците од осигурените оштетени предмети
- воведување мерки за спречување и намалување на штетите и ризиците при неживотно осигурување
- изработка анализа на ризикот и предлагање соодветно осигурително покритие на осигуреникот
- информирање на осигурителното друштво за намерата на осигуреникот за склучување договор и запознавање на осигуреникот со условите од полисата и со законските услови
- посредување во име на осигуреникот при склучувањето договор за осигурување
- проверка на содржината на полисите за осигурување
- укажување правна помош во осигурувањето
Осигурителните брокери во Македонија
уредиВо 2017 година, во Македонија постоеле 33 осигурително брокерски друштва, кои продале 25,55% од вкупната премија врз основа на осигурителни полиси. Во неживотното осигурување, брокерските друштва учествувале со 20,63% во вкупната премија од полиси, додека нивното учество во животното осигурување изнесувало 53,87%. Во областа на неживотното осигурување, брокерските друштва најмногу посредувале во осигурувањето од автоодговорност (43%), потоа во осигурувањето на имотот (11%), во каско-осигурувањето (4%) итн.[2]
Наводи
уреди- ↑ Христо Кондовски, „Согласно нивните потреби, на клиентите им ја презентираме најсоодветната понуда за односот покритие/премија“, Економија и бизнис, година 19, број 228, јуни 2017, стр. 68.
- ↑ Христо Кондовски, „Согласно нивните потреби, на клиентите им ја презентираме најсоодветната понуда за односот покритие/премија“, Економија и бизнис, година 19, број 228, јуни 2017, стр. 68-69.