Орфанска кула
Орфанска кула (Гоматска или Светиатанасиска кула; грчки: Πύργος Ορφανού, Πύργος Γοματίου, Πύργος Αγίου Αθανασίου) — средновековна одбранбена кула кај селото Гомати, Касандриско, Егејска Македонија.[1]
Πύργος Ορφανού | |
Место | Гомати, Касандриско |
---|---|
Област | Егејска Македонија, Грција |
Координати | 40°24′50″N 23°45′13″E / 40.4140° СГШ; 23.7535° ИГД |
Историја | |
Изграденo | XIV - XV век |
Белешки за наоѓалиштето | |
Состојба | урнатини |
Местоположба
уредиКулата е сместена во подножјето на ридот Пајвуни, дел од планината Какавос, на 4 км западно од Гомати, на местото кајшто се наоѓало самото село сè до земјотресот од 1932 г.[1]
Историја
уредиКулата веројатно е изградена на почетокот на XV век, кога Гомати било владение на Великата Лавра или малку порано во XIV век. Веројатно е срушена од земјотресот во 1932 г.[1]
Опис
уредиВо архитектонски поглед, оваа кула е слична на Санската кула. Основата зафаќа површина од 7 × 6 м. Највисоките зачувани делови достигаат 7 м. Градбата имала три ката, со вкупна висина од 10 м. Во средината на релативно подобро зачуваниот западен ѕид има отвор од 1,5 м кој служел како влез. Кај овој тип на кули влезот е подигнат 5-6 метри од тлото, и до него се пристапува со расклопни скалила.[1]