Орден за заслужност на Нов Зеланд
Орденот на заслужноста на Нов Зеланд е одлкикување на витешки ред воспоставен на 30 мај 1996 од кралицата на Нов Зеланд, Елизабета II. Орденот има 5 класи за цивилни и воени заслуги по ред на старешинство:
- Главен Кавалер (Principal Companion)
- Истакнат Кавалер (Distinguished Companion)
- Кавалер (Companion)
- Офицер (Officer)
- Член (Member)
Редот бил основан „за сите лица кои на било кое поле на настојување, имаат извршено заслужни дела за Круната и нацијата или се имаат истакнато со својата позиција, таленти, придонеси или други заслуги.“
Орденот го заменува Орденот на Бањата, Орденот на Св. Михаил и Св. Ѓорѓи, Орденот на Британската Империја, Орденот на Почесните Кавалери како и звањето Млад Витез како резултат на реорганизацијата на новозеландскиот систем на одликување во 1996.
Наградата Главен кавалер (или Витез-Велик Кавалер) ја заменува Витез-Велик Крст од Редот на Св. Михаил и Св. Ѓорѓи кои традиционално се доделува на новозеландските Генерални гувернери, почнувајќи со моменталниот Генерален гувернер (од 2001).
Мотото на Редот е For Merit/Tohu Hiranga (За Заслуга/Тоху Хиранга).
Квота на членови
уредиОбичните назначувања се предмет на квота. Секоја година, може да се назначат највеќе 15 Истакнати Кавалери, 40 Кавалери, 80 Офицери и 140 Членови. Почесни и Додатни членства се доделуваат вон тие ограничувања. Обичното членоство е отворено за граѓани на Комонвелтот. На странците им се доделуваат почесни членства; ако странецот подоцна стане граѓанин на Комонвелтот, тогаш тој одново се класификува како Додатен член.
Може да има само до 30 обични Главни Кавалери во било кое време.
Обележја
уреди- Околувратникот е златен ланец од врзани букви Ѕ, со традиционални новозеландски кору мотиви, со грбот на Нов Зеланд кој виси по средината. Се носи со значката на Главните Кавалери околу вратот во извесни прилики наместо појасот.
- Ѕвездата е осмокрака ѕвезда, златна за Главни Кавалери и сребрена за Истакнатати Кавалери, украсена со папратови листови. Се носи на левата страна од градите.
- Значката за трите највисоки класи е златен емајлиран крст со свиткани рабови. Централниот диск го содржи грбот на Нов Зеланд, окружен со прстен од зелен емајл кој го носи мотото на Редот, и врз него стои кралска круна. Значката за офицери и членови е слична, само златна или сребрена, без емајл. Главните Кавалери ја носат значката на појас преку десното рамо; Истакнатите Кавалери и Кавалерите ја носат на ѓерданче (мажи) или на лак на левото рамо (жени). Офицерите и членовите ја носат на лента на левиот дел од градите (мажи) или на лак на левото рамо (жени).
- Лентата е црвена-окер.
Првенство и привилегии
уредиЧлен 50 од статутот на Редот ги објаснува хералдските привилегии на членовите на Редот.
На Главните Кавалери (и на Витезите и Дамите-Велики Кавалери) им е доделено правото на хералдски поддржувачи, привилегија која речиси ја нема меѓу приватни лица. Тие, и Истакнатите Кавалери (обични Витези и Дами) исто така го имаат правото да ја ставаат круната на Редот (зелен, златно порабен круг со мотото на Редот) околу штитот на нивните грбови. Канцеларот има право на застапништво на околувратникот на Order на Редот околу неговиот/нејзиниот штит, покрај поддржувачите.
Во рамките на новозеландската протоколарна хиерархија, членовите на Редот имаат ист статус како и членовите на другите витешки редови.
Надворешни врски
уреди- Орденот за заслужност на Нов Зеланд Архивирано на 14 октомври 2008 г.
- Генералниот гувернер (втор од лево) го носи појасот на редот. Архивирано на 18 февруари 2006 г.
- Статути на Редот на Заслужност на НЗ Архивирано на 3 април 2007 г. по Кралски Налог од 30 мај 1996 (SR 1996/205). Видено на 22 февруари 2006.
Новозеландски ордени пna новозеландскиот систем на одликување |
Орден на Нов Зеланд - Орден за заслужност на Нов Зеланд - Краличин орден за служба |