Оптички инструмент

(Пренасочено од Оптичка направа)

Оптичките инструменти (оптички направи) — систем од тенки леќи, призми, огледала, дијафрагми со задача да го менуваат правецот на светлинските зраци, и да даваат зголемен или намален лик на предметите. Конструкцијата на различните оптички инструменти е дизајнирана во согласност со основните закони на геометриската оптика, односно законите за добивање на ликови кај огледала и тенките леќи. Кај некои оптички инструменти ликот се прикажува на екран поставен на она место каде ликот на предметот е најјсано видлив. Такви се проекционираните апарати, фотоапаратите и др. Меѓутоа, од посебно значење е онаа група на оптички инструменти кои се предвидени за работа во комбинација со очите. Комбинацијата од оптичкиот инструмент на окото прават единствен оптички систем кај кој ликот се добива на очната мрежица од окото. Такви се: микроскопот, перископот ,лупата, телескопот и др.

Лупа

уреди

Лупата претставува најпрост оптички инструмент кој служи за набљудување на предмети со мали димензии. Во суштина таа претставува собирна леќа со мало жаришно растојание, не поголемо од 10 см.

 
Лупа

Предметот кој се набљудува се претставува помеѓу жариштето (фокусот) и леќата, меѓутоа во секој случај поблиску до жариштето отколу до леќата. Во ваков случај добиениот лик ќе биде имагинарен, исправен и зголемен. Со нормално око можат да се гледаат предмети што се на растојание поголемо од 25 cm и притоа ликот се формира на мрежицата на окото. За помали растојанија од 25 cm тоа не е можно без користење на собирна леќа. Затоа далечината од 25 cm претставува граница на јасно гледање(s). Бидеќи ликот е имагинарен, ќе важи равенката :
1/f = 1/p - 1/l
Кај лупата, ставаќи l=s се добива:
1/f = 1/p - 1/s
Подоцна се добива:
p = sf / s+f
Како што е познато, зголемувањето на лупата ( u ) e:
u = L/P = l/p = s/p
Со замена на равенките ќе се добие:
u = s/f + 1 или u = 25/f + 1
Со лупата можат да се постигат зголемувања до 40 пати, затоа што за поголеми зголемување се добиваат искривени ликови.

Микроскоп

уреди
Податотека:Optical microscope nikon alphaphot +.jpg
Микроскоп

Микроскоп е инструмент за гледање на објекти кои се многу мали за да можат да се видат со голо око. Науката за проучување на мали објекти со помош на инструменти се нарекува микроскопија, а поимот микроскопски значи нешто многу мало, кое не може да се види со голо око.

Со други зборови, потребен е микроскоп за да може да се види. Микроскопите ни овозможуваат да добиеме зголемена слика на мали објекти. Микроскопите кои ги користиме во домашни услови или на училиште се појавуваат некаде пред околу 400 години.
Типови на микроскоп:
а)Оптички микроскоп
б)Електронски микроскоп
в)Микроскоп со скенирање на примероци
д)Атомски микроскоп

Телескоп

уреди

Телескоп е еден од најважните астрономски и оптички инструменти. Телескопот собира и сосредоточува светлина т.е електромагнетно зрачење и покажува зголемена слика на многу оддалечени објекти.

 
Телескоп

Со помож на оваа справа можеме да видиме и снимиме слики на објекти кои се премногу оддалечени, премали или со слаб сјај. Под телескоп најчесто се подразбира оптички телескоп,но постојат и телескопи кои собираат зрачење од некој друг дел на спектарот од електро магнетното зрачење. Постојат и радио телескопи,кои користат радио антена, а постојат и телескопи за гама-зраци.

Окото како оптички систем

уреди

Човечкото око претставува сложен оптички кое е во состојба да ги определаи: бојата, распоредот, формата на предметите.

 
Око

Окото е природен оптички уред чија оптика е идентична на оптиката на фотографскиот апарат.Надворешната форма на окото е приближно сферна со пречник околу 2,5 см. Предниот дел на очната обвивка е проѕирен и се нарекува рожница (Р) со показател на прекршување 1,38. Зад рожницата се наоѓа ирисот (И), а зад него очната леќа (Л) со показател на прекршување 1,4. Просторот меѓу рожницата и очната леќа е исполнет со проѕирна течност - очна вода со показател на прекршување 1,33. Зад очната леќа се наоѓа пивтиеста супстанција наречена стакловидно тело. Во близина на очниот нерв се наоѓа жолтата дамка.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди